Сетот се состои од две полутопки, два цилиндри и каталог со вежби;
Внатрешноста на полутопките е исполнета со воздух така што со вежбањето се совладува отпорот, а боцкавата надворешна површина предизвикува сензо-моторна стимулација;
Со вежбите се зајакнуваат мускулите и се подобрува координацијата и балансот на телото, а сето тоа е одлична превенција од деформитети на ’рбетниот столб (кифоза, сколиоза, лордоза) како и деформитети на колената.
Ортозата е составена од метална шина и чевли изработени по мерка.
Чевлите треба да обезбедат фиксација на стапалото во правилна положба, а растојанието меѓу стапалата се регулира со променливата должина на металната шина.
Позицијата на стапалата во ортозата ја одредува лекар.
Ортозата се носи со цел да се обезбеди правилен раст на стапалата после третман на стапалата по методот на Понсети.