++389 (0) 2 3217 633

Компресивен програм

Компресивен програм

Медицинските компресивни чорапи може да се користат кај воспаление на површинските вени, длабоки венски тромбози како и после оперативни зафати и кај проблеми со лимфни едеми. Компресивната терапија помага на тој начин што прави надворешен притисок на одреден дел од телото, а со тоа се зголемува венскиот или лимфниот проток, се намалуваат отоците и болките. Контракцијата на мускулите околу вените помага крвта да се врати назад до срцето. Надворешната компресија на чорапите ја игра улогата на мускулите при што прави притисок на венските ѕидови, со што се враќа крвната циркулација на нормално ниво. Во зависност од проблемот и состојбата на вените, Вашиот доктор може да препорача антиемболиски, превентивни и терапевтски чорапи и тоа прв, втор и трет степен на компресија. Можат да се користат како потколени, надколени чорапи, хулахопки со или без прсти како и компресивни ракави, пак по препорака на доктор. За подобар ефект чорапите или хулахопките треба да се ставаат наутро и да се носат во текот на целиот ден. Во нашиот асортиман ќе најдете соодветни чорапи или хулахопки со идеален спој на функција и комфор.

Компресијата се изразува во mmHg и е различна кај различни производители.

Компресивен програм

 

05/10/2017 Едукација