Додека се движите или спортувате, скочниот зглоб и околните мускули апсорбираат многу притисок, што може да доведе до повреда. Илјадници луѓе секој ден се повредуваат при симнување по скали, носење на високи потпетици или при спортување и трчање.
Добрата вест е дека можете да ги зајакнете мускулите и лигаментите на скочниот зглоб. Со ова ќе се заштитите од повреди и ќе ја подобрите вашата стабилност и мобилност. Во продолжение ви даваме четири вежби кои ќе ви помогнат да бидете постабилни.
Нацртајте ја азбуката
Оваа вежба е едноставна како А-Б- В. Легнете на грб или ако стоите потпрете се на нешто. Подигнете ја едната нога и со прстите исцртајте ја азбуката со виткање на стапалото. Повторете со другата нога. Оваа вежба направете ја еднаш дневно.
Подигнување на прсти
Застанете со раширени нозе во колкови. Придржувајте се на нешто за да одржите рамнотежа и дигнете се на прсти и потоа полека спуштајте сѐ на пети. Повторете10 пати. Оваа вежба направете ја еднаш дневно.
Дорзална флексија
Легнете на грб и со прстите повлечете го стапалото навнатре. Држете во оваа положба 30 секунди. Потоа држете го стапалото во спротивна насока нанадвор и останете во оваа положба 30 секунди. Повторете со другата нога. Направете го ова истегнување двапати на секоја нога (вкупно 4 минути).
Стоење на една нога
Сѐ што треба да направите е да застанете на една нога, малку свиткана во колено. Одржувајте рамнотежа 20 секунди. Повторете со другата нога. Оваа вежба повторете ја по три пати на секоја нога.