Индивидуалните ортози за горни екстремитети може да ги подобрат ослабените или изгубените функции, предизвикани од различни структурни или невромускулни оштетувања.
Ортозите на горните екстремитети се поделени во две категории:
- Имобилизирачки ортози
- Функционални или корективни ортози
Ортозите за горните екстремитети се наменети за лица со коскено-зглобни и мускулно структурни проблеми на прстите, раката, зглобот, подлактицата, лактот, надлактицата и рамото.