Карактеристики
- Ширина на седиштето 420 mm,
- Ширина 560 mm,
- Висина 950 mm,
- Висина на потпирачот за грб 375 mm,
- Тежина од13 kg,
- Максимална тежина на корисникот до 120 kg.
9.230,00 ден
Овој производ може да се подигне со потврда плус доплата.
Доплата: 4.039 ден.
Vermeiren – 139E е тоалетна инвалидска количка.
Kоличката се користи како помагало за одењето во тоалет и движење на корисникот во внатрешен простор. Со ова помагало животот на корисникот и работата на негувателот се полесни.
Има фиксни кочници на задните тркала. Потпирачите за нозе се демонтажни и преклопни и има подигнувачки потпирачи за раце. Со ова количката е лесно транспортабилна.
Доаѓа заедно со пластична тоалетна кофа со рачка.
G10-G13 Системски атрофии што примарно го зафаќаат централниот нервен систем;
G20-G26 Екстрапирамидални заболувања и заболувања на движењето;
G30-G32 Други дегенеративни болести на нервниот систем;
G35-G37 Демиелинизирачки болести на централниот нервен систем;
G60-G64 Полиневропатии и други заболувања на периферен нервен систем;
G71-G72 Болести на мионевралната спојка на мускул;
G80.0 Спастична церебрална парализа;
G80.2 Спастична хемиплегична церебрална парализа;
G80.3 Дискинетична церебрална парализа;
G80.9 Инфантилна церебрална парализа, неозначено;
G81(G81.0-G81.9) Хемиплегија;
G82(G82.0-G82.5) Параплегија и тетралегија;
I69(I69.0-I69.8) Секвели од цереброваскуларна болест;
Z89(Z89.5-Z89.8) Стекнат недостиг на долен екстремитет;
Z96.6 Присуство на ортопедски зглобни имплантанти на нога;
T93.2; T93.6; T93.9 Секвели од повреди на долен екстремитет;
T95.3 и T95.9 Секвели од изгореници, корозии и смрзнатини;
M05; M06; M07; M08; M10 Воспалителни полиартропатии;
M15.9 Полиартроза, неозначено;
M30-M36 Системски заболувања на сврзното ткиво;
B91 Секвели од полиомиелит.
Индикации исти како за Инвалидска собна количка – Стандард
Индикационо подрачје – кај траен неуролошки дефицит – со образложување на индикациите и клиничкиот статус – (Сите индикации како за инвалидска собна количка).
Правото на инвалидска количка се утврдува врз основа на потврда напишана од двајца лекари специјалисти, од кои едниот со специјалност по физијатрија или ортопедија, другиот со специјалност по физијатрија, ортопедија, неврологија, невропсихијатрија или хирургија, а го потврдува со наод мислење лекарската комисија на Фондот.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
3104 | Тоалетна инвалидска количка
3104DAA е тоалетна инвалидска количка.
Kоличката се користи како помагало за одењето во тоалет и движење на корисникот во внатрешен простор. Со ова помагало животот на корисникот и работата на негувателот се полесни.
Има фиксни кочници на задните тркала. Потпирачите за нозе се демонтажни и преклопни и има подигнувачки потпирачи за раце. Количката е лесно транспортабилна.
Коментари
Се уште нема коментари.