-
'Рбет
Милвоки мидер
Милвоки корсетот, познат и како цервико-торако-лумбо-сакрална ортоза или CTLSO, е активна корективна спинална ортоза за рбет која обично се користи во третманот на ‘рбетни искривувања кај деца.
Ортозата обично се препишува за деца со постурално нарушување кои не завршиле со својот раст или кои се во период на брз раст. Не се користи за возрасни или адолесценти кои веќе го завршиле растот бидејќи нема да има ефект. Поради ефикасноста и релативната прифатливост на денешните помодерни ортози денес Милвоки ортозата се користи поретко. Сепак, сè уште се препорачува за третман на деформитети повисоко во торакалниот или цервикалниот ‘рбет. Конзервативните цели за управување со сколиозата се да се стабилизира и спречи прогресијата на деформитетот на ‘рбетот. -
'Рбет
Корсет за кифоза или сколиоза тип ЦБВ/Шено (детски)
2504/2505 | Корсет за кифоза или сколиоза тип ЦБВ/ШЕНО
Овие детски корсети тип ЦБВ/ШЕНО се изработуваат индивидуално, при што користиме современа CAD-CAM технологија која нуди многу бенифити за корисниците на ортозите. Тие се грбни ортози за корекција на деформитети и е изработена од термопластичен материјал.
-
'Рбет
Корсет за кифоза или сколиоза тип ТЛСО – Детски
9.056,00 ден2506 | Корсет за кифоза или сколиоза тип ТЛСО – Детски
Корсетот тип ТЛСО прави растеретување и стабилизација во торакален и лумбален дел на рбетен столб кај скршеници кај деца. Со алуминиумската конструкција овозможува ограничување на латерална флексија. Изработен е од алуминиум обложен со мек и пријатен материјал.
-
Детски ортози
Корективен апарат за корекција на пектус каринатус
2.500,00 денНајефективен конзервативен начин за лекување на pectus carinatum (кокошкини гради) е поврзан со користење на оваа ортоза. Ортозата со која се прави надворешна компресија на градната коска е првата опција за решавање на проблемот со овој деформитет.
Носењето ортоза за pectus carinatum е најчесто ефикасен третман бидејќи телата на децата во раст се многу флексибилни за време на детството и адолесценцијата. Таа приспособливост значи дека градите на децата полесно може да се обликуваат во правилна форма додека растат.