-
Зглобни механизми
Хидраулично повеќеосовинско колено – Troya
Функционирањето на хидрауличното повеќеосовинско колено TROYA е многу блиско до нормалната функција на коленото и е наменето за корисници со среден и висок степен на активност. Во коленото се користи течен медиум наместо воздух, а со тоа се добива поширок опсег на брзини на одење.
Повеќеосовинската кинематика нуди удобно чекорење и одлична контрола на фазата на нишање. -
Зглобни механизми
Коленски зглоб со кочница – 3R15
3R15 е модуларен едносовински коленски зглоб со кочница.
Наменето е за корисници со низок степен на активност (1). Закочувањето е автоматско при целосна екстензија на коленото. При одење коленото е закочено и нема свиткување со што се добива стабилност и сигурност при одот. Свиткувањето на коленато е до 140 °. Деблокирањето на коленото е при седнување и рачно со сајлата за откочување. -
Зглобни механизми
Повеќеосовински модуларен коленски зглоб – 3R21
3R21 е повеќеосовински модуларен коленски зглоб за дезартикулација.
Горниот дел на зглобот е со дел за ламинација и долниот дел на зглобот се поврзани со предниот и задниот дел со осовини. Демонтажниот дел за ламинирање е поврзан со лежиштето. Стабилноста на фазата на потпирање се постигнува преку повеќеосовинската кинематика. Отпорот и јачината на пружината можат да се подесуваат во секое време.
Коленoто 3R21 е наменето за корисници чиј степен на активност е низок до среден (1+2).