-
'Рбет
Милвоки мидер
- Милвоки корсетот (Цервико-торако-лумбо-сакрална ортоза или CTLSO), е активна корективна спинална ортоза за ‘рбет која обично се користи во третманот на ‘рбетни искривувања кај деца;
- Ортозата најчесто се препишува за деца со постурално нарушување, кои не завршиле со својот раст или кои се во период на брз раст;
- Не се користи за возрасни или адолесценти кои веќе го завршиле растот, бидејќи нема да има ефект;
- Поради ефикасноста и релативната прифатливост на денешните помодерни ортози, денес Милвоки ортозата се користи поретко;
- Сепак, сè уште се препорачува за третман на деформитети повисоко во торакалниот или цервикалниот ‘рбет;
- Ортозата се изработува по индивидуална мерка на корисникот;
- Се состои од прстен околу вратот со налегнување под вилицата и две окципитални влошки на задниот дел од главата за да се избегне висок притисок во пределот на вратот, пластичен карличен појас, алуминиумски шини напред и назад и кожни торакални перничиња;
- За постигнување на ефект при лекувањето се препорачува да се носи 23 часa на ден;
- Неопходна е редовна контрола од лекар.
-
'Рбет
Корсет за кифоза или сколиоза тип ЦБВ/Шено (детски)
2504/2505 | Корсет за кифоза или сколиоза тип ЦБВ/ШЕНО
- Детски корсет тип ЦБВ/ШЕНО се изработува индивидуално, при што се користи современа CAD-CAM технологија која нуди многу предности за корисниците на ортозите.
- Се користат за корекција на деформитети и се изработени од термопластичен материјал.
-
'Рбет
Корсет за кифоза или сколиоза тип ТЛСО – Детски
9.056,00 ден2506 | Корсет за кифоза или сколиоза тип ТЛСО – Детски
- Корсетот тип ТЛСО прави растеретување и стабилизација во торакален и лумбален дел на `рбетен столб кај скршеници кај деца.
- Со алуминиумската конструкција овозможува ограничување на латерална флексија.
- Изработен е од алуминиум обложен со мек и пријатен материјал.
-
Детски ортози
Корективен апарат за корекција на пектус каринатус
4.100,00 ден- Најефикасен конзервативен начин за лекување на pectus carinatum (кокошкини гради) е поврзан со користење на оваа ортоза;
- Ортозата прави надворешна компресија на градната коска и е првата опција за решавање на овој деформитет;
- Носењето на ортоза за pectus carinatum е најчесто ефикасен третман бидејќи телото на детето во развој е многу флексибилно;
- Оваа приспособливост значи дека градите на децата полесно може да се обликуваат во правилна форма додека растат.