5 вежби за релаксирање на вратот

Современата технологија е најголема причина за болка во вратот. Часови поминати пред компјутер, со главата поставена нанапред, доведува до напрегање на вратните мускули. Овие мускули се под постојан стрес и оптоварување, што доведува до појава на напнатост и болка.

За да се ублажи оваа болка, прво мора компјутерот да се постави во ниво на очите за да се спречи поместување на главата нанапред. Исто така истегнувањето на мускулите на вратот, е една од наједноставните техники за превенција од болки. Оваа рутина може да се повторува секојдневно за се одржи флексибилноста на вратот во текот на денот.

Вежба 1

  • Ставете ги рацете на вратот;
  • Застанете и земете длабок здив;
  • Додека издишувате спуштајте ја брадата кон градите, повлекувајќи ги лактите надолу кон подот;
  • Со тежината на вашите раце, внимателно истегнувајте го вратот и неколку пати вдишете и издишете длабоко.

Вежба 2

  • Поставете ги рацете зад грб;
  • Повлечете ги рамената наназад;
  • Спуштете ја главата странично, повлекувајќи ја кон рамената;
  • Останете во оваа положба неколку секунди;
  • Повторете со другата страна.

Вежба 3

  • Наведнете се кон подот, свиткани во колкови;
  • Со рацете фатете се за спротивниот лакт и оставете ја главата да виси надолу;

Вежба 4

  • Подигнете ја главата нагоре кон таванот и погледнете нагоре колку што можете повисоко;
  • Потоа спуштете ја брадата надолу кон градите колку што можете повеќе;
  • Повторете ја оваа вежба 10 пати.

Вежба 5

Користете ја брадата за да нацртате круг надесно три пати, а потоа налево три пати.

Shopping Cart