Современата технологија е најголема причина за болка во вратот. Часови поминати пред компјутер, со главата поставена нанапред, доведува до напрегање на вратните мускули. Овие мускули се под постојан стрес и оптоварување, што доведува до појава на напнатост и болка.
За да се ублажи оваа болка, прво мора компјутерот да се постави во ниво на очите за да се спречи поместување на главата нанапред. Исто така истегнувањето на мускулите на вратот, е една од наједноставните техники за превенција од болки. Оваа рутина може да се повторува секојдневно за се одржи флексибилноста на вратот во текот на денот.
Вежба 1
- Ставете ги рацете на вратот;
- Застанете и земете длабок здив;
- Додека издишувате спуштајте ја брадата кон градите, повлекувајќи ги лактите надолу кон подот;
- Со тежината на вашите раце, внимателно истегнувајте го вратот и неколку пати вдишете и издишете длабоко.
Вежба 2
- Поставете ги рацете зад грб;
- Повлечете ги рамената наназад;
- Спуштете ја главата странично, повлекувајќи ја кон рамената;
- Останете во оваа положба неколку секунди;
- Повторете со другата страна.
Вежба 3
- Наведнете се кон подот, свиткани во колкови;
- Со рацете фатете се за спротивниот лакт и оставете ја главата да виси надолу;
Вежба 4
- Подигнете ја главата нагоре кон таванот и погледнете нагоре колку што можете повисоко;
- Потоа спуштете ја брадата надолу кон градите колку што можете повеќе;
- Повторете ја оваа вежба 10 пати.
Вежба 5
Користете ја брадата за да нацртате круг надесно три пати, а потоа налево три пати.