-
Индивидуални производи
Потколен апарат со ограничување на плантарна или дорзална флексија и скочен зглоб со приклучок на чевли
2303 | Потколен апарат со ограничување на плантарна или дорзална флексија и скочен зглоб со приклучок на чевли
- Mеханичка ортоза која се изработува по индивидуална мерка, од метални шини поставени на надворешната и внатрешната страна на ортозата;
- Спојот со чевли е изведен со метална узенгија која е прицврстена за петата на чевелот и која ја презема улогата на скочниот зглоб;
- За подобра удобност обложена е со филц и природна кожа;
- Помага кај паднато стапало независно од која причина;
- Зависно од тежината и активноста на корисникот металните шини може да се челични или од алуминиумска легура со кои ортозата станува полесна;
- Користење на ортопедски чевли во спој со ортозата е неопходно.
-
Индивидуални производи
Потколен апарат со скочен зглоб и метална сандала
2304 | Потколен апарат со скочен зглоб и метална сандала
- Механичка ортоза која се изработува по индивидуална мерка од метални шини поставени на надворешната и внатрешната страна на ортозата;
- Зависно од тежината и активноста на корисникот металните шини може да се челични или од алуминиумска легура со кои ортозата станува полесна;
- Помага кај паднато стапало независно од која причина;
- Ортозата има и механички скочен зглоб кој е споен со метална сандала која го опфаќа стапалото и преку која се облекува чевел изработен по мерка;
- За подобра удобност обложена е со филц и природна кожа.
- Користење на ортопедски чевли во спој со ортозата е неопходно.