-
Зглобни механизми
Лакотен зглоб Dynamic arm 12K100N – Ottobock
12K100N DynamicArm е миоелектронски лакотен зглоб, управуван од електромотор и е наменет за корисници со трансхумерални или повисоки нивоа на ампутација. Флексијата на лакотниот зглоб е контролирана со мускулни сигнали. Има висока сила за кревање и држење. Движењата се природни и прецизни со брзо позиционирање. Има атрактивен изглед и ниско ниво на бучава. Деловите од силикон ги елиминираат звуците предизвикани од потпирање или удари во тврда површина.
Протезата е особено незабележителна, благодарение на безшумната фаза на свиткување и обликот и бојата кои се вклопуваат во целокупната слика на човечкото тело.
-
Протези
Мио шака 8E39 – Ottobock
8Е39 SensorHand Speed – моќ, брзина и прецизност.
Животот се забрзува и SensorHand Speed му помага на корисникот да држи се под контрола. Се отвора и затвора повеќе од два пати побрзо од другите електрични шаки. Корисникот може лесно и прецизно да ја контролира. Вкупно шест различни програми му помагаат на корисникот, овозможувајќи прилагодување на индивидуалните барања. Предметите се држат и позиционираат со насочени мускулни сигнали. Специјалниот систем за стабилизација на фатот со SUVA сензори спречуваат ненамерно испуштање на предметите кои корисникот ги држи активно и свесно.
Може да се изберат различни контролни опции користејќи една или две електроди. Ова овозможува оптимална адаптација кон потребите и способностите на корисникот.