-
Детски ортози
Потколена корективна лонгета за корекција на деформитети на стапало
2610 | Потколена корективна лонгета за корекција на деформитети на стапало
- Ортоза за скочен зглоб (AFO), изработена по индивидуален отисок;
- Помага за подобрување на начинот на одење преку спречување или ограничување на несакани движења на потколеницата и стапалото, притоа давајќи поддршка на послабите мускули на потколеницата;
- Се користи за одржување на позицијата на скочните зглобови, корекции на деформитети и помагаат во намалувањето на спастичноста;
- Изработена е од пластика со можност заради поголема удобност да се обложи од внатрешната страна на ортозата.
-
Детски ортози
Корективен апарат за корекција на скочен зглоб – Детски
2608 | Корективен апарат за корекција на скочен зглоб (Редерсман)
- Динамична потколена ортоза која се изработува по индивидуален отисок има вграден флексибилен и еластичен зглоб, со што се овозможува оптимална контрола на скочниот зглоб и стапалото;
- На задната страна на ортозата вграден е граничник со кој се ограничува и регулира прекумерно спуштање на стапалото;
- Дава добра поддршка при нестабилност кај валгус или варус (навалување на глуждот);
- За поголема удобност постои можност за обложување на внатрешноста на ортозата како и можност за додавање на индивидуално произведена влошка под стапалото;
- Се изработува по индивидуален отисок.
-
Анатомски кломпи
Анатомски кломпи – Adaco
1.590,00 ден- Анатомски кломпи од асортиманот на Medical Comfort се произведени во Европската унија со користење на најнова технологија од природни и еколошки материјали.
- Кломпата гарантира апсолутна удобност на стапалата и дава чувство на сигурност и стабилност.
- Табаните се лесни, флексибилни и отпорни на лизгање.
- Обувката е отпорна на абење, обезбедува заштита при одење бидејќи го апсорбира ударот, со што се намалува притисокот врз колената, колковите и ‘рбетот.
- Технологијата на производство им овозможува на корисниците подобра циркулација, ја отстранува непријатноста при отекување на нозете и болки во колковите.