Сет за превенција на рамни стапала
Шифра: SETSTAPALO
Категории: Детски ортози за долни екстремитети, Ортози за стапало, Стапало
1.245,00 ден
- Сетот се состои од две полутопки, два цилиндри и каталог со вежби;
- Внатрешноста на полутопките е исполнета со воздух така што со вежбањето се совладува отпорот, а боцкавата надворешна површина предизвикува сензо-моторна стимулација;
- Со вежбите се зајакнуваат мускулите и се подобрува координацијата и балансот на телото, а сето тоа е одлична превенција од деформитети на ’рбетниот столб (кифоза, сколиоза, лордоза) како и деформитети на колената.