Електромоторна инвалидска количка (Скутер) -One

Категории: ,

  • Модерен, компактен и стилски дизајниран скутер One на четири тркала, кој ја менува бојата на рамката во 4 различни бои: сина, портокалова, розева и зелена;
  • Главна карактеристика е малиот радиус на вртење што го прави совршен за движење во затворен и отворен простор;
  • Целосно се расклопува и е лесен за транспорт;
  • Има ротирачко седиште кое се отстранува;
  • Модерен дисплеј;
  • Корпа за пазарење и прилагодливи потпирачи за раце;
  • Моќност: 270 W;
  • Максимална брзина: 8 кm/h;
  • Совладување на угорнина: од 6 %;
  • Со едно полнење на батерија поминува:  16 км.

Технички податоци

  • Должина: 1030 мм
  • Ширина: 490 мм
  • Висина: 880 мм
  • Тежина на количка: 44,9 кг
  • Максимална тежина на корисник: 136 кг

Медицински индикации

G10-G13 Системски атрофии што примарно го зафаќаат централниот нервен систем;
G20 Паркинсонова болест;
G35-G37 Демиелинизирачки болести на централниот нервен систем;
G60-G64 Полиневропатии и други заболувања на периферен нервен систем;
G71-G72 Болести на мионевралната спојака на мускул;
G80.0 Спастична церебрална парализа;
G80.2 Спастична хемиплегична церебрална парализа;
G80.3 Дискинетична церебрална парализа;
G80.9 Инфантилна церебрална парализа, неозначена;
G81.9 Хемиплегија, неозначена;
G82(G82.0-G82.2) Параплегија;
Т95.3 и Т95.9 Секвели од изгореници,корозии и смрзнатини;
M30-M36 Системски заболувања на сврзното ткиво;
B91 Секвели од полиомиелит;
Z89.5 Стекнат недостиг на нога до или под колено;
Z89.6 Стекнат недостиг на нога над колено;
Z89.7 Стекнат недостиг на двата долни екстремитети на било кое ниво освен само прсти.

Препишува

Правото на Електромоторна инвалидска количка – скутер се остварува со Конзилијарно мислење издадено од: Универзитетска клиника за неврологија, Универзитетска клиника за ревматологија, Универзитетска клиника за пластична и реконструктивна хирургија, Универзитетска клиника за Детски болести, Универзитетска клиника за детска хирургија, Универзитетска клиника за тораковаскуларна хирургија и Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедија, анестезија и реанимација, интензивно лекување и ургентен центар. Покрај Конзилијарното мислење осигуреното лице е потребно да достави и специјалистички извештај од специјалист офталмолог за способност за управување со помагалото, специјалистички извештај од специјалист оториноларинголог за способност за управување со помагалото и специјалистички извештај од специјалист психијатар за психичката состојба за самостојно управување и вклучување во сообраќај со електромоторна инвалидска количка – скутер. За потребата на електромоторна инвалидска количка – скутер наод, оценка и мислење дава Лекарската комисија на Фондот. Право на електромоторна количка – скутер имаат осигурените лица со траен инвалидитет од 7-26 години и над 65 годишна возраст. Осигурените лица кои ќе остварат право на електромоторна инвалидска количка – скутер имаат право и на собна инвалидска количка.

Shopping Cart