Политика за управување со квалитет и животна средина​

Политика за квалитет

Стратешка определба на ЦЕНТАРОТ ЗА ОРТОТИКА И ПРОТЕТИКА СЛАВЕЈ АД СКОПЈЕ е производство и промет на ортопедски помагала и медицински препарати, во согласност со барањата на меѓународните стандарди ISO 13485 и ISO 9001, како и на европската Директива за медицинските помагала 93/42/ЕЕC, Директивата 2007/47/ЕС и Водичот за системот на вигиланца на медицинските помагала MEDDEV 2.12-1 Rev.5.

 Основните принципи на Политиката за квалитет се:

 Почитување на барањата и задоволство на нашите корисници, преку производството  на квалитетни и безбедни ортопедски помагала, со примена на современи производствени технологии, со што заштитниот знак на СЛАВЕЈ АД СКОПЈЕ е симбол за високото ниво на квалитет и сигурност.
 Континуирано следење на светскиот тренд во развојот на ортопедските помагала.
 Проактивната маркетинг ориентираност и асортиманот на квалитетни ортопедски помагала, овозможува зачувување на постоечките и освојувања нови пазари и нови партнерства, што ја претставува визијата и мисијата на организацијата.
 Вработените се активно вклучени во развојот на организацијата, согласно   нивната компетентност, знаење, обука и искуство. Задоволството на вработените се гледа преку обезбедувањето на современи и безбедни услови и опрема за работа и континуирана едукација на сите нивоа.
 ЦЕНТАРОТ ЗА ОРТОТИКА И ПРОТЕТИКА СЛАВЕЈ АД СКОПЈЕ, доследно ги спроведува сите позитивни нормативни акти од законодавството на Р. С. Македонија, како и меѓународните документи релевантни за програмата на ортопедски помагала.
 Во работењето се применува  процесниот  пристап, со контрола на сите процеси, како  единствен систем кои ги  исполнуваат   поставените  цели на организацијата.
 Одлуките во организацијата се носат врз основа на направените анализи на  потребите на корисниците, мерењата на карактеристиките на производите и процесите, а со цел задоволство на корисниците, деловните партнери, вработените и акционерите и континуираното подобрување на Системот за квалитет.
 Добавувачите како партнери, ги избираме врз основа на нивната способност редовно да ги исполнуваат утврдените барања во однос на квалитетот.
 Постојаано одржување и преиспитување на системот за управување со квалитет според барањата на ISO 13485:2016 и ISO 9001:2015.
 Ангажирање на вработените на сите нивоа за исполнување на Политиката и Целите за квалитет.
 Политиката за квалитет е достапна за сите вработени и на јавноста.

Политика за управување со животната средина

Стратешка определба на Центар за ортотика и протетика Славеј АД Скопје е да обезбеди и спроведе брзо, квалитетно и навремено производство  на ортодески помагала и услугина лечење и рехабилитација, имајќи ги во предвид сите евентуални негативни влијанија врз животната средина.
Посветеноста кон предвидување, следење, ублажување и отстранување на негативните влијанија на секојдевните активности на Центарот за ортотика и протетика Славеј АД Скопје врз животната средина и обезбедување висок степен на одговорност кон општеството, претставува главна цел на Политиката за управување со животната средина.

Јасна и транспарентна е определбата на највисокото раководство на Центар за ортотика и протетика Славеј АД Скопје за спроведување на главната цел на Политиката за управување со животната средина преку:

Идентификација на можности за воведување на принципите на Почисто Производство кои ќе овозможат намалување на количеството на создаден отпад и рационално користење на суровини, материјали, енергија и вода низ целиот производен процес во Заводот.
 Континуирана усогласеност со барањата на националната законска регулатива од областа на животната средина и следење на меѓународните стандарди од оваа област.
Информирање и обучување на вработените за различните негативни влијанија што активностите од организацијата ги имаат врз животната средина и давање насоки за користење на заштитните средства за секојдневно извршување на работните задачи.  
 Одржување на ефикасна комуникација со сите релевантни заинтересирани страни заради континуирано следење на новините во заштитата на животната средина и активно вклучување во реализација на национални и локални проекти.
Обезбедување транспарентност и достапност на политиката за управување со животната средина за корисниците на услугите на Завод, вработените, деловните партнери и пошироката јавност.   
 Поставување на специфични цели на годишно ниво преку: 
 – Следење на потрошувачката на сировини и хеммикалии.
 – Подобрен систем на управување со отпадот, особено со опасниот отпад од пакување на хемикалиите.
 – Поефикасно користење на топлотната енергија.
 – Следење и намалување на емисиите од ковачницата.
Највисокото раководство на Центар за ортотика и протетика Славеј АД Скопје е целосно одговорно за спроведување и унапредување на политиката за управување со животната средина, доследно спроведување на целите на Политиката како и вклучување на секој вработен од организацијата во цлокупната реализација на истата.
 
 
 
Shopping Cart