Брошури

Лекување на Сколиоза

Во оваа брошура сакаме да Ви ги доближиме информациите и одговорите на најчесто поставуваните прашања од родителите на децата во адолесценција кои се среќаваат со сколиоза. Најзастапена е идиопатската сколиоза, па во оваа брошура пишуваме за неа. Не се работи за тешка болест. Најчесто тоа се благи деформитети на ‘рбетниот столб, кои родителите не ги забележуваат. Конкретната причина за овој деформитет не е позната и најчесто се појавува кај адолесцентите во специфичната фаза на физичкиот и емотивниот развој – пубертетот! Времетраењето на лекувањето и можноста на делувањето на позитивниот резултат е ограничено на неколку години, па затоа многу се битни разбирањето, трпеливоста и упорноста на сите оние кои се вклучени во процесот. Благодарение на развојот на науката и техничките можности, лекувањето на сколиозата е во прогресивен подем. Постојат повеќе начини на лекување: опсервација, лекување со ортози, оперативно лекување и специфична кинезитерапија.

Мојот живот после ампутација

Можеби оваа брошура ти дојде во раце, точно во моментот кога се соочуваш со сознанието дека губитокот на твоите екстремитети е ненадокнадлив. Имај на ум дека хирурзите морале да ги жртвуваат, за да ти го спасат животот. Навиката да се движиш, да одиш на работа да ги посетуваш саканите луѓе и места, сега престанува.

И што понатаму?

Медицината и технологијата овозможуваат брзо исправување и движење. Материјалите кои ни се достапни, техничките решенија кои ги имаме на располагање, модерната рехабилитациска метода, нудат можност за обновување на движењето без потешкотии, болки и некои ограничувања. Стручен тим работи околу тебе на тоа што побргу и поефективно да ти овозможи активни движења и да ги прилагоди движењата на твоите потреби за живеење.

Shopping Cart