++389 (0) 2 3217 633

Ортопедски чевли

Ортопедски чевли

Ако стопалото го посматраме како орган за чекорење, тогаш чевлите се соодветното средство за чекорење. Ортопедските чевли се ортопедско помагало за рехабилитација и справување со патолошките состојби на стопалото. Исто така и за решавање на проблемите од плускавци, калуси, халукс валгус, шилци во пета. Исто така лица со различна должина на нозете, различна должина на стопалата и лица со дијабет.

Секое стопало е единствено. Стекнатите или вродените недостатоци во многу сложената конституција на ногата можат да бидат нелагодност при чекорењето, но тие често се и причина за статички проблеми на комплетниот систем за одење, од стапалата, нозете, карлицата, ‘рбетот па се до вратот.

Возраста, начинот на живот, нивото на активност, професијата и општата здравствена состојба влијаат на стопалата. Чевлите кои ги носите може да помогнат или одмогнат. Чевлите кои ги носите може да  ја одредат судбината на стопалата, исто така можат да бидат причина или решение на проблемот. Некои од проблемите може да се спречат, лекуваат, а некои да се олеснат со носење соодветни чевли.

Славеј ад Скопје, од 1949 го развива и унапредува производството на ортопедски чевли и е признат како партнер, кај корисниците и лекарите во таа област.

Изработката на ортопедски чевли е одговорна работа. Од земањето мерка, изборот на оптималниот модел, изработка на калап, избор на соодветен материјал, кроење, составување, прилагодување, проба и финалната испорака.

Најважно од се изработени се исклучиво индвидуално за секој корисник посебно.

Индивидуалните чевли се изработени според индивидуално земена мерка.

Секој чевел е произведен посебно за секоја нога. Процесот вклучува собирање на лични податоци врз основа на прецизни мерења, гипсен модел кој служи за создавање на 3D облик на секоја нога, дизајнирање и производство на чевли со точно дефинирана форма.

Ортопедските чевли се секогаш изработени од природни материјали со највисок квалитет (кожа, плута) и вештачки (пена, гума, текстил).

Користењето на различни материјали е заради исполнување на функцијата на ортопедските чевли. Кога е потребна потпора или стабилизација се користат поцврсти материјали кои ако треба и дополнително се појачуваат, но кога е потребно растеретување или ублажување на удари и болка се користат меки материјали.

 

Индикации за ортопедски чевли

Потребата за набавка на ортопедски чевли е по препорака на лекар специјалист (ортопед или физијатар). Ортопедските чевли се индицирани кога стандардните чевли или ортопедски влошки не може да ги решат проблемите.

 

Придобивки од ортопедските чевли

  • Враќање на вашата способност да чекорите, трчате, се шетате дури и скокате преку намалување на болките, отоците и други проблеми поврзани со вашите нозе.
  • Подобра поддршка околу сводот на стапалото.
  • Зголемување на стабилноста на зглобовите на стопалото и глуждот.
  • Олеснување на некои проблеми во други делови од телото како рбетотот и колковите.
  • Спречување на одредени деформитети на стопалото.

Ортопедски чевли

 

09/08/2017 Едукација