++389 (0) 2 3217 633

Што е Ортотика

Што е Ортотика

Ортоза според ISPO (International society of orthosist and prothesist ) е било кое надворешно аплицирано помагало (механичко средство) кое се аплицира за да се модифицираат структурни и функционални карактеристики на нервниот и мускулоскелетниот систем. Притоа физичкиот интегритет на делот од телото на кој ортозата се аплицира е сочуван но е изгубена неговата функција. Ортозите се употребуваат во одредени фази од лекувањето, како привремено средство или како постојано средство доколку не може да се примени хируршка интервенција.

Ортозите се изработуваат од различни материјали од кои некои традиционални како метал , кожа, гума, платно , а во најново време се повеќе се користат термопластични материјали во комбинација со метал, карбонски влакна и композитни материјали, со што ортозите станаа  полесни, а во исто време поцврсти, похигиенски, прилепени за телото (естетски поприфатливи) и попрецизни за аплицирање.

По начин на изработка се делат на ортози  произведени фабрички кои  се произведуваат сериски со различни величини и ортози индивидуално изработени од страна на ортотичари, по нарачка и  по индивидуална мерка и потреба на пациентот.

Според функцијата ортозите може да се поделат  на :

  • Ортози за поддршка;
  • Ортози за корекција;
  • Функционални ортози;

Често пати по функцијата ортозите имаат комбинирано дејство и тешко може да се сместат само во една од горната поделба.

Според англосаксонската литература и методи на дефинирање на имињата на ортозите , ортозите за долен екстремитет се именувани како:

  • HO ортоза (HO ортоза или ортоза за колк)
  • HKAFO ортозa (Hip-knee-ankle foot orthosis  или ортоза за  колк – колено – скочен зглоб);
  • KAFO ортоза (колено-скочен зглоб);
  • KO (коленска ортоза);
  • AFO (ортоза за скочен зглоб);

Ортози за горни екстремитети:

  • SEWHO ортоза за рамо , лакот,зглоб на шака, шака;
  • EWHO ортоза за лакот , зглоб на шака, шака;
  • WHO ортоза за зглоб на шака, шака;
  • HO ортоза за шака;
  • FО ортоза за прст;

Ортози за рбетен столб:

– LSO ортоза (лумбалнo сакрална ортоза)

– ТO ортоза (торакална ортоза)

– ТLO ортоза (торако-лумбална ортоза)

– TLSO ортоза (торако- лумбално- сакрална ортоза)

– CTLSO ортоза (цервико-торако-лумбално- сакрална ортоза)

– CO ортоза (цервикална ортоза) за врат

Според делот на телото на кој се аплицираат ортозите се делат на:

  • ортози за долни екстремитети
  • ортози за горни екстремитети
  • ортози за рбетен столб
05/10/2017 Едукација, Ортотика