Годишно Собрание на акционери 2024

ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА АКЦИОНЕРИ 2024

Врз основа на чл.387 од Законот за трговските друштва, чл.17 и чл.20 од Статутот на Центарот за ортотика и протетика Славеј а.д. Скопје, Управниот одбор на Друштвото објавува:

ЈАВЕН ПОВИК ЗА СВИКУВАЊЕ НА ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА АКЦИОНЕРИ

Седницата на Собранието ќе се одржи на ден 29.05.2024 година со почеток во 14.00 часот во деловните простории на Центарот за ортотика и протетика Славеј а.д. Скопје со седиште на ул.Васил Ѓоргов бр.45 Скопје.
За седницата на Собранието се предлага следниот

ДНЕВЕН РЕД

I Процедурален дел:

  1. Отварање на седницата на Собранието и избор на претседавач.
  2. Избор на верификациона комисија.
  3. Утврдување на кворум за работа на Собранието.

II Работен дел:

  1. Усвојување на записникот од последната седница на Собранието на акционери.
  2. Разгледување и усвојување на ревизорскиот извештај од назначениот овластен ревизор за работата на друштвото во 2023 год.
  3. Донесување на Одлука за назначување овластен ревизор за вршење ревизија на работењето на друштвото за 2024 год.
  4. Разгледување и усвојување на Годишната сметка и Годишниот извештај за работењето на Друштвото за деловната 2023 год.
  5. Донесување на Одлука за покривање на загубата за деловната 2023 год.

Собранието одлучува само за прашања кои се уредно ставени на дневниот ред.
Согласно Статутот на Друштвото гласањето на Собранието е јавно.
Право на учество во работата и право на глас во Собранието има секој акционер лично или од него именувано лице кое ќе го застапува на Собранието со писмено полномошно. Акционерот за секое дадено полномошно по писмен пат треба да го извести Друштвото. Акционерот е должен да го пријави своето учество најдоцна пред почетокот на седницата на закажаното Собрание.

Согласно Законот за трговските друштва, акционерите кои поединачно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број на акции со право на глас, имаат право да достават предлог за дополнување на дневниот ред и одлуки по точките од дневниот ред. Акционерите барањето за вклучување на една или повеќе точки во дневниот ред на собранието и/или предлагање на одлуки за усвојување можат да го достават во рок од 8 дена од денот кога е објавен јавниот повик за одржување на седницата на Собранието.

Материјалите за работа на Собранието ќе им бидат достапни на акционерите од денот на објавување на јавниот повик секој работен ден од 12.00-14.00 часот во просториите на Друштвото и истите ќе бидат објавени на официјалната интернет страницата на Друштвото:www.slavej.com.mk

УПРАВЕН ОДБОР
ЦЕНТАР ЗА ОРТОТИКА И ПРОТЕТИКА
СЛАВЕЈ А.Д.СКОПЈЕ

На денот на објавување на јавниот повик за учество на Годишно собрание на акционери на Друштвото на 25.04.2024 година, Центарот за ортотика и протетика Славеј а.д. Скопје има издадено вкупно: 20.485 обични акции. Вкупниот број на обични акции со право на глас на 25.04.2024 година изнесува 20.485 акции.

  1. Записник од Собрание на акционери од 30.05.2023 год. (преземи)
  2. Предлог Одлука за усвојување на Ревизорски извештај од 2023 год. (преземи)
    – Ревизорски извештај за работењето на Друштвото во 2023 год. (преземи)
  3. Предлог Одлука за назначување на Ревизор за 2024 год. (преземи)
  4. Предлог Одлука за усвојување на Годишна сметка и Извештај за работата на Друштвото во 2023 год. (преземи)
    – Годишен Извештај за 2023 год. (преземи)
  5. Донесување на Одлука за покривање на загаубата за деловната 2023 год. (преземи)

ОДЛУКИ ОД ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА АКЦИОНЕРИ 2023

Shopping Cart