Дисплазија на колк кај бебиња

Дисплазија на колкот е малформација или неразвиеност на ацетабулумот. Вродената дисплазија на колкот значи дека зглобот на колкот не е целосно формиран при раѓањето. Оваа малформација е 6 пати почеста кај девојчињата во споредба со момчињата. Конгениталното (вродено) исчашување (луксација) пак преставува изместување на главата на бутната коска (колкот) од нејзината централна позиција во ацетабулумот.

Причини

Дисплазијата на колкот може да се јави од различни причини. Недоволниот простор во матката е важен надворешен фактор кој предизвикува дисплазија на колкот. Можните причини за ова се:

  • Првата бременост
  • Контра позиција на фетусот
  • Мала количина на плодова вода
  • Висок крвен притисок на мајката во текот на бременоста.

Simptomat

Типични симптоми за дисплазија и луксација на колкот, се следни:

  • Нестабилност на зглобот на колкот;
  • Дислокација и намалување на феморалната глава;
  • Ограниченa абдукција на зафатениот зглоб на колкот;
  • Асиметрични набори на задниот дел од бутините;
  • Очигледно скратување на погодената нога.

Дисплазијата на колкот најчесто се јавува на едната страна (приближно 60 проценти од случаите), но симптомите може да се појават на двете страни. Почетен индикатор за дисплазија на колкот кај новороденчињата е нестабилен зглоб на колкот. Сепак, ова се коригира во 80 проценти од случаите.

Diagnoza

Оваа состојба се дијагностицира со помош на ултразвучен преглед. Во зависност од резултатите, лекарот ќе ви предложи понатамошен третман.

Trajtimi

Кај сите деца без разлика дали е најдено некакво нарушување во зглобот на колкот или не, се препорачува широко повивање како превентивна мерка. Тоа подразбира користење на пелени за широк повој со цел да се држат колкчињата во раширена и свиткана положба. Таквата позиција овозможува најдобро созревање на зглобот на колкот.

Доколку се најде пак некакво нарушување во развојот на колкот се продолжува со понатамошен третман кој може да биде конзервативен и оперативен. Секогаш се започнува со конзервативен – неоперативен третман, кој опфаќа третман на созревање на зглобот на колкот со користење на ортопедски помагала.

Shopping Cart