Тоалетна инвалидска количка – 3104DAA

5.191,00 ден

3104 | Тоалетна инвалидска количка

Партиципација: 0%

  • Тоалетна количка која се користи како помагало за одењето во тоалет и транспорт на корисникот во внатрешен простор;
  • Има фиксни кочници на задните тркала;
  • Потпирачите за нозе се демонтираат и преклопуваат а потпирачите за раце се подигнуваат;
  • Количката е лесна за транспорт;
  • Има пластична тоалетна кофа која се отстранува.

Технички карактеристики

  • Широчина на седиште: 450мм
  • Висина на седиште: 400 мм
  • Ширина: 600 мм
  • Висина: 880 мм
  • Тежина на количка: 12,1/14,8 кг
  • Максимална тежина на корисник: 100 кг

Медицински индикации

Индикации исти како за Инвалидска собна количка – Стандард
Индикационо подрачје – кај траен неуролошки дефицит – со образложување на
индикациите и клиничкиот статус – (Сите индикации како за инвалидска собна количка).
G10-G13 Системски атрофии што примарно го зафаќаат централниот нервен систем;
G20-G26 Екстрапирамидални заболувања и заболувања на движењето;
G30-G32 Други дегенеративни болести на нервниот систем;
G35-G37 Демиелинизирачки болести на централниот нервен систем;
G60-G64 Полиневропатии и други заболувања на периферен нервен систем;
G71-G72 Болести на мионевралната спојка на мускул;
G80.0 Спастична церебрална парализа;
G80.2 Спастична хемиплегична церебрална парализа;
G80.3 Дискинетична церебрална парализа;
G80.9 Инфантилна церебрална парализа, неозначено;
G81(G81.0-G81.9) Хемиплегија;
G82(G82.0-G82.5) Параплегија и тетралегија;
I69(I69.0-I69.8) Секвели од цереброваскуларна болест;
Z89(Z89.5-Z89.8) Стекнат недостиг на долен екстремитет;
Z96.6 Присуство на ортопедски зглобни имплантанти на нога;
T93.2; T93.6; T93.9 Секвели од повреди на долен екстремитет;
T95.3 и T95.9 Секвели од изгореници, корозии и смрзнатини;
M05; M06; M07; M08; M10 Воспалителни полиартропатии;
M15.9 Полиартроза, неозначено;
M30-M36 Системски заболувања на сврзното ткиво;
B91 Секвели од полиомиелит.

Препишува

Правото на инвалидска количка се утврдува врз основа на потврда напишана од двајца лекари специјалисти, од кои едниот со специјалност по физијатрија или ортопедија, другиот со специјалност по физијатрија, ортопедија, неврологија, невропсихијатрија или хирургија, а го потврдува со наод мислење лекарската комисија на Фондот.

Коментари

Се уште нема коментари.

Впишете прв коментар за “Тоалетна инвалидска количка – 3104DAA”
Shopping Cart