Специјална количка со индивидуално прилагодување – OMBRELO

Шифра: Не е достапно Категории: , Ознака:

131.026,00 ден141.371,00 ден

3106 | На товар на ФЗОМ со доплата.

Партиципација: 0%
Доплата: 96.679 – 107.024 ден.

 

  • Лесна количка дизајнирана за деца и возрасни која лесно се склопува (како чадор) што ја прави лесна за транспорт;
  • Количката има иновативно седиште BodyPrint™опремено со ремени кои лесно се прилагодуваат на корисникот;
  • Фиксниот агол на потпирачот за грб е 30° што го намалува притисокот врз меките ткива и спречува појава на рани;
  • Покрај тоа што е стабилна и удобна, количката OMBRELO е лесна и практична за управување;
  • Потпирачи за нозе со стегачи кои се подесуваат за секоја нога посебно; Наклон на седиштето од 30°;
  • Количката е достапна во 4 големини и е наменета и за возрасни до 120 кг.

 

Технички податоци

  • Широчина на седиште: 290-430 мм
  • Длабочина на седиште: 280-420 мм
  • Висина на седиште: 460-800 мм
  • Должина: 1250-1370мм
  • Ширина: 570-720 мм
  • Висина: 1010-1080 мм
  • Тежина на количка: 18,5-20,5 кг
  • Максимална тежина на корисник: 45-120 кг

Медицински индикации

    • Детска церебрална парализа – различни форми;
    • Менингомиелоцела;
    • Повреди на мозокот и ‘рбетниот мозок;
    • Мускулни заболувања поврзани со пареза и парализа;
    • Генетски нарушувања поврзани со пареза;
    • Други болести поврзани со пареза, парализа и повреди на локомоторниот систем;
    • По трауматска повреда на мозокот, ‘рбетот со повреда на ‘рбетниот мозок и долните екстремитети.

ФЗОМ медицински индикации

G80(G80.0-G80.9) Инфантилна церебрална парализа

Препишува

Правото на инвалидска количка се утврдува врз основа на потврда напишана од двајца лекари специјалисти, од кои едниот со специјалност по физијатрија или ортопедија, другиот со специјалност по физијатрија, ортопедија, неврологија, невропсихијатрија или хирургија, а го потврдува со наод мислење лекарската комисија на Фондот.

Коментари

Се уште нема коментари.

Впишете прв коментар за “Специјална количка со индивидуално прилагодување – OMBRELO”
Shopping Cart