Специјална количка Gemini 2 – Vermeiren

51.230,00 ден55.740,00 ден

3106 | На товар на ФЗОМ со доплата.

Партиципација: 0%
Доплата: 16.883 – 21.393 ден.

  • Невролошка количка Gemini 2 е целосно склоплива, лесна за транспорт изработенаод алуминиумска рамка;
  • Количката е мултифункционална, има иновативен систем за позиционирање, што овозможува правилно држење на телото на детето;
  • Со Gemini 2 има голем број на додатоци за позиционирање со кои може да се корегира позицијата на главата, торзото, колковите и стапалата;
  • Има ремен со 5 нивоа, потпирач за глава, странични перничиња и држач за раце;
  • Количката е достапна и за поголеми деца со челична рамка што обезбедува висока цврстина и квалитет;
  • Лесно се отстранува седиштето и може да се менува правецот на седење.

Цената се дефинира во зависност од големината на седиштето ↓

Технички податоци

  • Широчина на седиште: 320-400 мм
  • Длабочина на седиште: 300-340 мм
  • Висина на седиште: 520-780 мм
  • Должина: 910-950 мм
  • Ширина: 620-690 мм
  • Висина: 1180-1220 мм
  • Тежина на количка: 18-27 кг
  • Максимална тежина на корисник: 35-50 кг

Медицински индикации

  • Детска церебрална парализа – различни форми;
  • Менингомиелоцела;
  • Повреди на мозокот и ‘рбетниот мозок;
  • Мускулни заболувања поврзани со пареза и парализа;
  • Генетски нарушувања поврзани со пареза;
  • Други болести поврзани со пареза, парализа и повреди на локомоторниот систем;
  • По трауматска повреда на мозокот, ‘рбетот со повреда на ‘рбетниот мозок и долните екстремитети.

ФЗОМ Медицински индикации

G80(G80.0-G80.9) Инфантилна церебрална парализа

Препишува

Правото на инвалидска количка се утврдува врз основа на потврда напишана од двајца лекари специјалисти, од кои едниот со специјалност по физијатрија или ортопедија, другиот со специјалност по физијатрија, ортопедија, неврологија, невропсихијатрија или хирургија, а го потврдува со наод мислење лекарската комисија на Фондот.

Коментари

Се уште нема коментари.

Впишете прв коментар за “Специјална количка Gemini 2 – Vermeiren”
Shopping Cart