Индивидуални спортски влошки

1.680,00 ден

  • Спортски влошки кои се изработуваат индивидуално, со сите неопходни корекции со цел оптоварувањето на стапалата да биде оптимално распределено;
  • Петата е опфатена со влошката и поради тоа стапалото е статички урамнотежено;
  • Нагазната површина на влошката го прати анатомскиот облик на стапалото, со што се обезбедува поголема нагазна површина и рамномерно оптеретување на долната страна на стапалото;
  • Материјалот од кој се изработуваат овие влошки e EVALUX кој се применува во ортопедијата, не прима влага и ги амортизира и апсорбира ударите при спортување со што се намалуваат микротраумите на стопалата и колената при спортување;
  • Се одликуваат со мала тежина (50гр).

Карактеристики

  • Корекција на сводот од стапалото;
  • Идеално биомеханичко распределување на оптоварувањата при спортување;
  • Преземање на дел од притисокот кое стапалото го врши врз подлогата;
  • Намалено напрегање на оптоварените делови од стапалото;
  • Намалено оптоварување на стапалото, скочниот зглоб, коленото и ‘рбетниот столб;
  • Стабилизирање на петата.

Медицински индикации

  • Metatarsalgia
  • Pes planovalgus,
  • Во случаи каде има потреба од биомеханичко распределување и намалување на притисокот на делови од стапалото.

Дополнителни информации

  • При користењето на овие влошки потребни се поудобни обувки.
  • За полесно навикнување на влошките се почнува со носење еден час дневно и со зголемување на интервалот за по еден час за секој нареден ден.
  • Се перат во благ раствор од детергент .
  • Не смее да се сушат на извор на топлина.

Коментари

Се уште нема коментари.

Впишете прв коментар за “Индивидуални спортски влошки”
Shopping Cart