Натколен апарат со слободен или закочен зглоб во колено со узенгија вградена во чевел

2101 | Натколен апарат со слободен или закочен зглоб во колено со узенгија вградена во чевел

  • Индивидуална ортоза која се изработува од метални шини поставени на надворешната и внатрешната страна на ногата, споени со модуларни ортотички коленски зглобови;
  • Зависно од тежината и активноста на корисникот, металните шини може да бидат челични или од алуминиумска легура со кои ортозата станува полесна;
  • Според состојбата на корисникот, индикациите за нејзино користење и целта на третманот со ортозата, коленските зглобови може да се со кочница или слободни;
  • Спојот со чевли е изведен со метална узенгија која е прицврстена за петата на чевелот и која ја презема улогата на скочниот зглоб;
  • За поголема удобност обложена е со филц и природна кожа;
  • Користење на ортопедски чевли во спој со ортозата е неопходно.

* Се изработува во спој со ортопедски чевли:

– ФЗОМ шифра 4107 кај ортоза за една нога и

– ФЗОМ шифра 4108 за ортози за двете нозе.

Потребна посебна Потврда за ортопедско помагало.

ФЗОМ Медицински индикации

B91 Секвели од полиомиелит;
B94 Секвели од други и неозначени инфективни и
паразитски болести;
G12(G12.0-G12.9) Спинална мускулна атрофија и
сродни синдроми;
G24(G24.0-G24.2) Дистонија;
G35 Мултипла склероза;
G80(G80.0-G80.9) Инфантилна церебрална
парализа;
G81(G81.0-G81.9) Хемиплегија;
G82(G82.0-G82.5) Параплегија и тетраплегија;
G83.1 Моноплегија на долен екстремитет;
G83.3 Моноплегија неозначено;
G83.9 Паралитичен синдром, неозначено;
М24.3 Патолошка дислокација и сублуксација на
зглоб, некласифицирана на друго место;
М24.5 Контрактура на зглоб;
М24.6 Анкилоза на зглоб;
М24.8 Други специфични оштетувања на зглоб,не-
класифицирани на друго место;
М25.2 Расцепен зглоб;
М25.6 Вкочанетост на зглоб, некласифицирано на
друго место;
М62.3 Синдром на неподвижност (параплегичен);
М62.4 Контрактура на мускул;
М62.5 Мускулна слабост и атрофија, некласифици-
рано на друго место;
М84.0 Лошо сраснување на фрактура;
М84.1 Несраснување на фрактура (псевдоартроза);
М87.0 Идиопатска асептична некроза на коска;
М91.1 Јувенилна остеохондроза на главата на
фемурот;
I69(I69.0-I69.8) Секвели од цереброваскуларна
болест;
Т93.2 Секвели од фрактури на долен екстремитет;
– Сите видови на млитава и спастична парализа;
– Контрактури.

Препишува

  • Потврдата за ова ортопедско помагало може да ја издаде ортопед или физијатар.

Напомена

  • Овој производ се користи по препорака на лекар само за дадените индикации и не може да се комбинира со кој било друг производ.

Коментари

Се уште нема коментари.

Впишете прв коментар за “Натколен апарат со слободен или закочен зглоб во колено со узенгија вградена во чевел”
Shopping Cart