Електромоторна инвалидска количка – Wingus

3107 | Електромоторна инвалидска количка

Партиципација: 0%
Доплата: Се формира при нарачка

  • Wingus од Ottobock, е моќна електромоторна инвалидска количка, со погон на задните тркала што ја прави подеднакво погодна како за внатрешна така и за надворешна употреба;
  • Лесна за транспорт поради малата тежина;
  • Има компактни димензии и може да се користи во помали простории;
  • Количката има иновативен дизајн на рамoт што овозможува поголема удобност;
  • Должината на седиштето лесно се прилагодува според индивидуалните потреби;
  • Има широк спектар на додадатоци;
  • Совладува угорнина од 12%;
  • Со едно полнење на батерија поминува 25 км;
  • Moќност 2х12V 38/44/50 Ah;
  • Две батерии од  2х150/2х450 W;
  • Брзина на движење во зависнот од моделот  6/10 km/h.

Технички податоци

  • Широчина на седиште: 400-460 мм
  • Длабочина на седиште: 380-480 мм
  • Висина на седиште: 500 мм
  • Должина: 1050 мм
  • Ширина: 585 мм
  • Висина: 1040 мм
  • Тежина на количка: 57 кг
  • Максимална тежина на корисник: 120 кг

ФЗОМ Медицински индикации

Индикации исти како кај Инвалидска собна количка-стандард, со потежок степен на телесен хендикеп, за осигурени лица што се на школување и во работен однос. Индикационо подрачје – кај лица со највисок степен на онеспособеност на локомоторниот систем, кога поради парализа или деформитет на раката и ногата неможат активно да движат количка на рачен погон, но со движење на прстите или главата може да управува со електромоторна количка.

G10-G13 Системски атрофии што примарно го зафаќаат централниот нервен систем;
G20-G26 Екстрапирамидални заболувања и заболувања на движењето;
G30-G32 Други дегенеративни болести на нервниот систем;
G35-G37 Демиелинизирачки болести на централниот нервен систем;
G60-G64 Полиневропатии и други заболувања на периферен нервен систем;
G71-G72 Болести на мионевралната спојака на мускул;
G80.0 Спастична церебрална парализа;
G80.2 Спастична хемиплегична церебрална парализа;
G80.3 Дискинетична церебрална парализа;
G80.9 Инфантилна церебрална парализа, неозначено;
G81(G81.0-G81.9) Хемиплегија;
G82(G82.0-G82.5) Параплегија и тетралегија;
I69(I69.0-I69.8) Секвели од цереброваскуларна болест;
Z89(Z89.5-Z89.8) Стекнат недостиг на долен екстремитет;
Z96.6 Присуство на ортопедски зглобни имплантанти на нога;
T93.2; T93.6; T93.9 Секвели од повреди на долен екстремитет;
T95.3 и T95.9 Секвели од изгореници, корозии и смрзнатини;
M05; M06; M07; M08; M10 Воспалителни полиартропатии;
M15.9 Полиартроза, неозначено;
M30-M36 Системски заболувања на сврзното ткиво;
B91 Секвели од полиомиелит.

Препишува

Правото на инвалидска количка се утврдува врз основа на потврда напишана од двајца лекари специјалисти, од кои едниот со специјалност по физијатрија или ортопедија, другиот со специјалност по физијатрија, ортопедија, неврологија, невропсихијатрија или хирургија, а го потврдува со наод мислење лекарската комисија на Фондот.

Коментари

Се уште нема коментари.

Впишете прв коментар за “Електромоторна инвалидска количка – Wingus”
Shopping Cart