Електромоторна инвалидска количка Juvo B5/B6 – Ottobock

Juvo B5/B6 се електромоторни инвалидски колички кои нудат голем број можности за прилагодување на потребите на корисникот. Juvo B5/B6 има можност за погон на предните тркала, задните тркала и средните тркала. Со ова корисникот има можност на избор на голем број на возни карактеристики и моќности на моторот.

Седиштето има нов VAS  систем за подесување и нов Ergo-Joint систем за подесување на аголот за комфорно седење.
Погонот на средни тркала нуди супериорни возни карактеристики, поготово стабилност при вртењето. Juvo B5/B6 е идеална електромототна количка за надворешна употреба.

Карактеристики

  • Носивост 140/160 kg;
  • Тежина на количката 107 kg;
  • Ширина на седиштето 340-560 mm;
  • Длабочина на седиштето 340-500 mm;
  • Висина на седиштето 400-550 mm
  • Брзина 6/7.2/10/14 km/h;
  • Опсег 35 km;
  • Совладување угорнина до 10/17 %
  • Батерии 2х12V 53/63 Ah

Медицински индикации

G10-G13 Системски атрофии што примарно го зафаќаат централниот нервен систем;
G20-G26 Екстрапирамидални заболувања и заболувања на движењето;
G30-G32 Други дегенеративни болести на нервниот систем;
G35-G37 Демиелинизирачки болести на централниот нервен систем;
G60-G64 Полиневропатии и други заболувања на периферен нервен систем;
G71-G72 Болести на мионевралната спојака на мускул;
G80.0 Спастична церебрална парализа;
G80.2 Спастична хемиплегична церебрална парализа;
G80.3 Дискинетична церебрална парализа;
G80.9 Инфантилна церебрална парализа, неозначено;
G81(G81.0-G81.9) Хемиплегија;
G82(G82.0-G82.5) Параплегија и тетралегија;
I69(I69.0-I69.8) Секвели од цереброваскуларна болест;
Z89(Z89.5-Z89.8) Стекнат недостиг на долен екстремитет;
Z96.6 Присуство на ортопедски зглобни имплантанти на нога;
T93.2; T93.6; T93.9 Секвели од повреди на долен екстремитет;
T95.3 и T95.9 Секвели од изгореници, корозии и смрзнатини;
M05; M06; M07; M08; M10 Воспалителни полиартропатии;
M15.9 Полиартроза, неозначено;
M30-M36 Системски заболувања на сврзното ткиво;
B91 Секвели од полиомиелит.

Дополнителни информации

Индикации исти како кај Инвалидска собна количка-стандард, со потежок степен на телесен хендикеп, за осигурени лица што се на школување и во работен однос. Индикационо подрачје – кај лица со највисок степен на онеспособеност на локомоторниот систем, кога поради парализа или деформитет на раката и ногата неможат активно да движат количка на рачен погон, но со движење на прстите или главата може да управува со електромоторна количка.

Коментари

Се уште нема коментари.

Впишете прв коментар за “Електромоторна инвалидска количка Juvo B5/B6 – Ottobock”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Shopping Cart