Антидекубитално перниче полнето со воздух или гел

Шифра: 3216ONA Категорија:

12.977,00 ден

3216 | Анти декубитус перниче полнето со воздух или гел

Relax  антидекубиталното перниче е наменето за корисници на инвалидски колички.
За корисниците на инвалидски количи, важно е да имаат што подобро антидекубитално перниче, бидејќи константниот контакт со тврдите површини за седење може да доведе до развој на декубитуси.
Перничето Relax има 48 ќелии кои се поделени во две посебни воздушни комори, овозможувајќи независно прилагодување на воздушниот притисок од двете страни на перницата, вршејќи подобра функција на капиларите. Го намалува триењето и има позитивен ефект на температурата на кожата. За дополнително олеснување на притисокот, секоја ќелија е покриена со слој од силиконски TruGel, што го прави навистина уникатно и напредно перниче.

*Ве молиме имајте предвид дека сите комбинации на големини не се достапни веднаш.

Исчисти

Карактеристики

  • Максимална тежина на корисникот до 130 кг.

Медицински индикации

(G71;G71.0;G71.1;G71.2;G71.3;G71.8 и G71.9) Примарни заболувања на мускулитe;
(G80;G80.00;G80.01;G80.02;G80.03;G80.09;G80.3;G80.4; G80.8;и G80.9) Церебрална
парализа;
(G82.0;G82.1 и G82.2) Параплегија;
(G82.3;G82.4 и G82.5) Тетраплегија;
Z89.5 Стекнат недостиг на нога до и под колено;
Z89.6 Стекнат недостиг на нога над колено;
Z89.7 Стекнат недостиг на двата долни екстремитети на било кое ниво освен прстите
на нозете;
Z89.8 Стекнат недостиг на горни и долни екстремитети (на било кое ниво);
Z89.9 Стекнат недостиг на екстремитет (неозначено).

Напомена

Правото на додатоците за инвалидска количка се утврдува врз основа на потврда напишана од двајца лекари специјалисти, од кои едниот со специјалност по физијатрија или ортопедија, другиот со специјалност по физијатрија, ортопедија, неврологија, невропсихијатрија или хирургија, а го потврдува со наод мислење лекарската комисија на Фондот.

Коментари

Се уште нема коментари.

Впишете прв коментар за “Антидекубитално перниче полнето со воздух или гел”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Shopping Cart