Карактеристики
Димензиите и мерењата се различни за секој Invader, бидејќи секоја количка е направена по мерка.
Макс тежина на корисникот 120 кг
Тежина 7-8 кг
152.890,00 ден
Овој производ може да се подигне со потврда плус доплата.
OttoBock Invader е активна инвалидска количка со крут рам.
Invader е комплетно индивидуално прилагодена на потребите на корисникот.
Рамот на количката е направен од една алуминиумска цевка, легура што може да се заварува и се формира според спецификациите на корисникот. Седиштето и наслонот за грб се обликувани според анатомијата на корисникот. И вилушките на тркалата се направени од едно парче. Ова резултира со максимална стабилност, исклучително мала тежина, голема функционалност и леснотија при користењето.
Димензиите и мерењата се различни за секој Invader, бидејќи секоја количка е направена по мерка.
Макс тежина на корисникот 120 кг
Тежина 7-8 кг
(G71;G71.0;G71.1;G71.2;G71.3;G71.8 и G71.9) Примарни заболувања на мускулитe;
(G80;G80.00;G80.01;G80.02;G80.03;G80.09;G80.3;G80.4;G80.8;и G80.9) Церебрална парализа;
(G82.0;G82.1 и G82.2) Параплегија;
(G82.3;G82.4 и G82.5) Тетраплегија;
Z89.5 Стекнат недостиг на нога до и под колено;
Z89.6 Стекнат недостиг на нога над колено;
Z89.7 Стекнат недостиг на двата долни екстремитети на кое било ниво освен прстите на нозе
(доколку не може да се постави протеза);
Z89.8 Стекнат недостиг на горни и долни екстремитети (на кое било ниво), (доколку не може
да се постави протеза);
Z89.9 Стекнат недостиг на екстремитет (неозначено), (доколку не може да се постави
протеза)
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
3110 | Активна инвалидска количка
Со својот атрактивен, елегантен стил, во комбинација со лесна склопливост 3110COB e одличен избор за секоја пригода.
3110COB ви нуди едноставно складирање за транспорт, зашедувајќи време и енергија.
3110 | Активна инвалидска количка
S1 е модерна, ригидна и активна инвалидска количка. Дизајнирана за луѓе кои сакаат да останат мобилни.
3110 | Активна инвалидска количка
Vermeiren Sagitta е активна инвалидска количка со крут рам.
Sagitta е модерна, активна инвалидска количка која може целосно индивидулно да се прилагоди. Индивидуално се подесуваат потпирачите за раце, потпирачите за нозе, аголот на потпирачот за грб (наклон на седење), аголот на тркалата, висината на потпирачот за грб. Лесно е управлива заради компактниот дизајн и малата тежина.
Крутиот рам е од легура на алуминиум и придонесува да максималната тежина на количката е само 9,5 kg.
Има голем избор на додатна опрема.
3110 | Активна инвалидска количка
Vermeiren Trigo S е склоплива активна инвалидска количка.
Наменета е за лица со активен секојдневен живот и спортски дух. Изработена е од алуминиумски цевки со триаголен пресек за поголема јакост на рамот и отпорност кон механички оштетувања.
Во основната верзија, количката тежи само 12kg со тркалата. Ова ја прави лидер во категоријата склопливи активни инвалидски колички. Задните тркала се со спортски и модерен дизајн, лесно демонтажни, прилагодливи по висина и агол и со лесно достапни кочници. На предните тркала може да им се менува и висината. Trigo S има фиксен потпирач за нозе и страници кои се подесливи по висина. Кај Trigo S во зависност од потребите и состојбата на корисникот, тежиштто може да да се помести напред или назад. Ваквата конфигурацијата ја прави Trigo S уште полесна, а притоа одржувајќи максимум функционалност и јакост.
Има можност за голем избор на додатна опрема.
3110 | Активна инвалидска количка
Vermeiren – Trigo Т е склоплива лесна активна инвалидска количка.
Изработена е од алуминиумски цевки со триаголен пресек за поголема цврстина на рамот и отпорност на механички оштетувања. Задните тркала се со спортски и модерен дизајн, лесно се демонтажни и прилагодливи по висина и агол. Има подесливи и демонтажни потпирачи за нозе и страници подесливи по висина.
Рамот, богатата дополнителна опрема, широкиот опсег на бои и димензии на седиштето помагаат количката да може индувидуално да се прилагоди на речиси секој корисник.
Има можност за голем избор на додатна опрема.
Коментари
Се уште нема коментари.