Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Гумено едноосовинско стапало – 1H40
Едноосовинското стапало 1H40 има природен облик со мазна површина и формирани прсти. Стапалото со своите својства е погоднo за корисници со низок и среден степен на активност (1-2) и со телесна тежина на корисникот до 100 кг. Стапалото овозможува на корисникот брзо да постигне сигурност во стоењето и одот. Тие се особено погодни за корисници со трансфеморална ампутација.
1H40 стапалото е достапно во големини од 22 до 29 сантиметри.
Related Products
-
Надколени протези
Динамично стапало – 1D10
Динамичното стапало 1D10 наликува на природната форма на стапалото со мазна површина, обликувани прсти и ножен палец.
Функционалните карактеристики се постигнуваат преку докажаната комбинација на контурно јадро и гумена (функционална пена)обвивка. Ова резултира со удобен удар на петата и помек премин на фазите (нишање/потпирање) отколку кај SACH стапалото. Обвивката има подобрени динамички карактеристики. 1D10 се испорачува заедно со титаниумски модуларен адаптер.1D10 стапалото е достапно во големини од 22 до 30 сантиметри.
-
Надколени протези
Карбонско динамично стапало ASYA
Во домот и надвор карбонското стапало ASYA нуди стабилност и сигурен контакт со подлогата за корисници со степен на активност 3 и 4 и тежина до 150кг.
Стапалото се препорачува за активности дома, на работа, за пешачење и при рекреативно спортување. Конструкцијата на петата овозможува извршување на активностите со помала потрошувачка на енергија со што се намалува потрошувачката на енергија во одењето.Опсег на големина: 22 см-29 см.
-
Протези
Карбонско динамично стапало Elite 2 – Blatchford
Лесно стапало за активни корисници. Вертикална апсорпција на ударите и ефикасен поврат на енергијата. Погодно е за пешачење на сите терени, како и за разновидни рекреативни спортови.
Elite 2 стапалото е погоднo за корисници со среден и висок степен на активност (3-4) и за телесна тежина до 166 кг.Опсег на големина: 24 см-30 см.
-
Протези
Карбонско динамично стапало Trias – 1C30
Trias стапалото е комбинација на креативен дизајн и иновативна технологија.
Меѓусебно поврзаните пружини го олеснуваат ударот на петата и овозможуваат природен премин на фазите (нишање/потпирање) со поголем поврат на енергијата. Сигурниот од му помага на корисникот да изгради самодоверба. Стапалото лесно се прилагодува на различни брзини на одење и по нерамномерен терен без губење на сигурноста. Значително е намалено оптоварувањето на здравиот екстремитет.1C30 Trias стапалото е достапно во големини од 21 до 30 сантиметри .
-
Надколени протези
Карбонско динамично стапало Triton – 1C60
1C60 Triton одличнo се однесува и при големо оптеретување.
Направено од лесен, композит од јаглеродни влакна и пружина од полимер со високи перформанси кои формираат кохезивен систем. Ова овозможува исклучителнo стабилен од по нерамни површини или при брзо менување на правецот, како на пример при спортување.
1C60 Triton е погоден за корисници кои сакаат да имаат динамично стапало погодно за секојдневниот живот и рекреативното спортување степен на активност (3-4) и за телесна тежина до 150 кг.1C60 Triton стапалото е достапно во големини од 21 до 30 сантиметри .
Коментари
Се уште нема коментари.