Топло-ладни облоги

  • Корисни помагала

    Маска за очи – Thera Pearl

    650,00 ден

    Thera pearl маска за очи за разладувачка или загревачка терапија.
    Загревачка терапија се користи при симптоми на дисфункција на солзната жлезда, блефарит (воспаление на очите), суви очи, црвенило на очите или јачмен. Разладувачка терапија се користи при контактен дерматит, атопичен дерматит, потечени очи, отоци по извршени естетски интервенции, главоболка или воспаление на синуси.

    Додај во кошничка
  • Корисни помагала

    Облога за врат и рамена – Thera Pearl

    1.200,00 ден

    Thera pearl облога за врат и рамена која овозможува лекувачка моќ на терапија со загревање и разладување. Се користи при вкочанет/ искривен врат, болки во пределот на рамената како и трапезоидните мускули и вратот. За разладувачка терапија замрзнете ја облогата најмалку 2 часа, додека за загревачка терапија загрејте ја облогата во микробранова печка.
    Терапијата со загревање е совршено решение за релаксирање на вкочанети мускули и поттикнување на протокот на крвта која ги отвора крвните садови и ги ослободува движењата, со што се намалуваат болките.

    Додај во кошничка
  • Корисни помагала

    Облога за грб – Thera Pearl

    1.200,00 ден

    Thera pearl облога за грб со лента за прицврстување за повеќекратна намена.

    Thera pearl перлите ја комбинираат лековитата моќ на терапија со загревање или разладување со која се овозможува олеснување на секојдневните тегоби и болки. Специјалната технологија и дава на облогата еластичност, овозможува виткање и обликување кон телото. Загревачката терапија помага против мускулни болки, додека разладувачката се користи при истегнувања, отекување, синдром на карпален тунел, контрактури, посекотини и хематоми.

    Thera pearl облогите можат да помогнат и при  воспаленија, менструални болки и главоболки. Со нивна помош болното место се загрева или разладува во зависност од проблемот, што позитивно влијае на интензитетот на болката.

    Додај во кошничка
  • Корисни помагала

    Спортска облога за третирање различни делови од телото – Thera Pearl

    640,00 ден

    Thera pearl спортска облога за третман на различни делови од телото со загревање или разладување, која се користи за намалување на болките кои се јавуваат при спортување. Загревачка терапија помага во намалувањето на мускулните болки и грчеви кои се јавуваат, додека разладувачка терапија се користи за исекотини, модринки и болка во забите. Облогата е дизајнирана да ја задржи терапевтската температура на телото во времетраење од 20 минути.

    Еластична дури и кога е замрзната, технологијата Thera pearl е доволно ладна за да понуди терапија со мраз без да ја жртвува флексибилноста. Не е цврста, рапава или непријатна, изладените перли во пакувањата остануваат мазни и меки на Вашата кожа.

    Додај во кошничка
  • Корисни помагала

    Облога за колено – Thera Pearl

    1.200,00 ден

    Со Thera pearl облогите до нов степен на олеснување при болка!

    Иновативен производ кој со загревање и разладување овозможува олеснување на секојдневните тегоби и болки во телото. Перлите на Thera pearl се дизајнирани да ја задржат терапевтската температура во времетраење од 20 минути и специјално се дизајнирани да се прилагодат на секој дел од телото.
    Thera pearl облога за колено со лента за прицврстување  обезбедува смирувачко и олеснувачко дејство при артритис, болки во колената, болки пред и после вежбање како и воспаление по хируршка процедура. Дизајнот на облогата ја прави еластична, овозможува лесно виткање и обликување кон телото.

    Додај во кошничка
  • Корисни помагала

    Облога за деца – Thera Pearl

    370,00 ден

    Thera pearl се изклучиво безбедни, антиалергени, нетоксични и без тешки метали.
    Едноставно разладете го или загрејте го и нанесете го на болното место до 20 минути.

    Thera pearl ќе помогнат вашето дете да се чувствува подобро додека ги ублажува и смирува сите испакнатини, модринки или каснувања од инсекти. Овие шарени, животински пријатели со големина наменета за дете смируваат и утешуваат додека заздравуваат.

    Додај во кошничка
Shopping Cart