Коленска ортоза
-
Колено
Ортоза за стабилизација на патела – Patella Pro – Ottobock.
8.312,00 денСиндромот на пателофеморална болка (болка зад пателата) е честа причина за болка во предниот дел на колената. Од разни биомеханички причини, пателата може болно да испадне од својата природна положба.
Тоа е причината заради која е креирана Patella Pro. Ортозата ја држи пателата во центар при флексија и при екстензија на коленото.
Специјалниот механизам на ортоза осигурува и обезбедува само онолку поддршка колку што е потребно
Корисниците на Patella Pro потврдуваат големо намалување на болката во предниот дел на колената, чувство на сигурност за време на секојдневните активности и значително подобрување на квалитетот на нивниот живот. -
Колено
Супракондиларна коленска ортоза со фишбајни и стабилизатор на патела
1.513,00 денОваа коленска ортоза e изработена од трослоен неопрен, кој обезбедува топлина и подобра циркулација во коленото. Страничните пластични ленти (фишбајни) го стабилизираат коленскиот зглоб. Еластичните ленти вкрстено поставени околу отворот на патела, обезбедуваат дополнителна фиксација на патела, а со тоа и подобра стабилизација на коленскиот зглоб.
-
Колено
Неопренска ортоза за колено со фишбајни
1.350,00 денОртозата за колено со фишбајни обезбедува загревање, добра стабилизација на коленото и позиционирање на пателата (капата на коленото) со вграденото силиконско перниче кое ја опфаќа пателата.
Вградените странични фишбајни ги растоваруваат внатрешните и надворешните лигаменти на коленото.
Ортозата е индицирана при третман на остеоартритис, повреди на лигаменти, останати повреди на колено и менискус.
Обезбедува целосна заштита при спортските активности. -
Колено
Неопренска ортоза за колено со фишбајни – полуотворена
1.201,00 денОртозата со фишбајни обезбедува добра стабилизација на коленото со помош на вградените странични фишбајни кои ги растоваруваат внатрешните и надворешните лигаменти на коленото.
Помага во процесот на третман на повреди на лигаменти, лезии на меките ткива и другите проблеми со зглобовите на коленото. -
Колено
Неопренска ортоза за колено со фишбајни за вкрстен лигамент
1.513,00 денОртозата со фишбајни за вкрстен лигамент го помага процесот на заздравување на коленото во случаи кај истегнување на вркстените лигаменти на коленото.
Благодарение на вградените ленти на ортозата чија затегнатост може да се регулира, се спрелува прекумерно истегнување на вкрстените лигаменти. Со тоа ја подобрува стабилизацијата на коленото.
Со помош на вградените странични фишбајни се растоваруваат внатрешните и надворешните лигаменти на коленото. -
Колено
Неопренска ортоза за колено со метални зглобови
1.450,00 денВо оваа ортоза за колено се вградени странични метални зглобови кои максимално ги растоваруваат внатрешните и надворешните лигаменти на коленото.
-
Колено
Неопренска ортоза за колено со метални зглобови – полуотворена
1.450,00 денВградените странични зглобови максимално ги растоваруваат внатрешните и надворешните лигаменти на коленото.
Обезбедува добра стабилизација на коленото и позиционирање на пателата (капата на коленото).
Помага во процесот на лекување на повреди на лигаментите, лезии на меките ткива и други проблеми со коленото. -
Колено
Неопренска ортоза за колено со метални зглобови – отворена
1.450,00 денВградените странични зглобови на оваа отворена неопренска ортозата максимално ги растоваруваат внатрешните и надворешните лигаменти на коленото.
Овозможува добра стабилизација на коленото и позиционирање на пателата (капата на коленото).
Помага во процесот на лекување на повреди на лигаментите, лезии на меките ткива и други проблеми со коленото.