3110 Активна инвалидска количка S1-Comfort Mobility

01 Преглед на производ

02 Опис на производот

Динамична, моќна и без ограничувања активна количка. Рам од алуминиумска легура. Материјал на седиштето и наслонот кој “дише.,

Карактеристики:

Максимална тежина на корисникот 120 kg

Ширина на седиштето 33-51 cm

Длабочина на седиштето 40/42/44  cm

Височината на седиште (од тлото) 45/47/48/49/50/51/52 cm

Висина на наслонот 30-40 cm

Агол на наслонот -5о/0 о/5о

Агол на задните тркала 0о/2 о/4о/ 6 о

83,0-111,0 cm со 24” задните ткала

Тежиште 1,5-11,5 cm

Тежина  од 10 kg

Медицински индикации:

примарни заболувања на мускулите (G71; G71.0; G71.1; G71.2; G71.3; G71.8 и G71.9);

церебрална парализа (G80; G80.00; G80.01; G80.02; G80.03; G80.09; G80.3; G80.4; G80.8 и G80.9);

параплегија (G82.0; G82.1 и G82.2);

Z89.5 стекнат недостиг на нога до и под колено;

Z89.6 стекнат недостиг на нога над колено;

Z89.7 стекнат недостиг на двата долни екстремитети на кое било ниво освен прстите на нозете (доколку не може да се постави протеза);

Z89.8 стекнат недостиг на горни и долни екстремитети (на кое било ниво) (доколку не може да се постави протеза);

Z89.9 стекнат недостиг на екстремитет (неозначено) (доколку не може да се постави протеза);

Правото на инвалидска количка се утврдува врз основа на потврда напишана од двајца лекари специјалисти, од кои едниот со специјалност по физијатрија или  ортопедија, другиот со специјалност по физијатрија, ортопедија, неврологија, невропсихијатрија или хирургија, а го потврдува со наод мислење лекарската комисија на Фондот.

Право на активна инвалидска количка може да оствари осигурено лице кое има функционален статус на двете раце , индикациите утврдени во списокот за ортопедски помагала и исполнува еден од следните критериуми :

-Деца на школување до 18 год , односно 26 годишна возраст;

-Редовен работен однос;

-Доколку врши дејност врз основа на која е осигурано;

-Поседува возачка дозвола и може самостојно да управува со моторно возило;