3108 Електромоторна инвалидска количка – скутер EW 402

01 Преглед на производ

02 Опис на производот

Елегантен облик и одлична функционалност. Секојдневните активности и поминувањето на поголеми растојанија удобно и погодно.  Беспрекорен дизајн.

 

Технички карактеристики:

Број на тркала 4
Величина на предни гуми 3.50-5 (пневматски)
Величина  на задни гуми 4.00-5 (пневматски)
Висинско растојание од тлото 18cm
Должина 135cm
Ширина 62cm
Мотор моќност 450WX24VX1
Кочници Електро магнетни
Акумулатор (батерија) 36AHX12VX2
Полнач AC115/230,DC24V,5AMP
Растојание кое се поминува до 36km (на рамен пат)
Можност за движење под агол 10°
Радиус на вртење 167cm
Макс. Брзина нанапред 11 km/h
Макс. Брзина наназад 4,5 km/h
Mакс. Оптеретување 120 kg
Тежина (без батериите) 71 kg

Медицински индикации:

G10-G13 системски атрофии што примарно го зафаќаат централниот нервен систем;

G20 паркинсонова болест;

G35-G37 демиелинизирачки болести на централниот нервен систем;

G60-G64 полиневропатии и други заболувања на периферен нервен систем;

G71-G72 болести на мионевралната спојака на мускул ;

G80.0 спастична церебрална парализа;

G80.2 спастична хемиплегична церебрална парализа;

G80.3 дискинетична церебрална парализа;

G80.9 инфантилна церебрална парализа, неозначена;

G81.9 хемиплегија, неозначена;

G82(G82.0-G82.2) параплегија;

Т95.3 и Т95.9 секвели од изгореници,корозии и смрзнатини;

M30-M36 системски заболувања на сврзното ткиво;

B91 секвели од полиомиелит

Z89.5 стекнат недостиг на нога до или под колено;

Z89.6 стекнат недостиг на нога над колено;

Z89.7 стекнат недостиг на двета долни екстремитети на било кое ниво освен само прсти;

 

Правото на Електромоторна инвалидска количка – скутер се остварува со Конзилијарно мислење издадено од: Универзитетска клиника за неврологија, Универзитетска клиника за ревматологија, Универзитетска клиника за пластична и реконструктивна хирургија, Универзитетска клиника за Детски болести, Универзитетска клиника за детска хирургија, Универзитетска клиника за тораковаскуларна хирургија и Универзитетска клиника за трауматологија , ортопедија, анестезија и реанимација, интензивно лекување и ургентен центар. Покрај Конзилијарното мислење осигуреното лице е потребно да достави и специјалистички извештај од специјалист офталмолог за способност за управување со помагалото, специјалистички извештај од специјалист оториноларинголог за способност за управување со помагалото и специјалистички извештај од специјалист психијатар за психичката состојба за самостојно управување и вклучување во сообраќај со електромоторна инвалидска количка – скутер. За потребата на електромоторна инвалидска количка – скутер наод, оценка и мислење дава Лекарската комисија на Фондот. Право на електромоторна количка – скутер имаат осигурените лица со траен инвалидитет од 7-26 години и над 65 годишна возраст. Осигурените лица кои ќе остварат право на електромоторна инвалидска количка – скутер имаат право и на собна инвалидска количка.