2403 Пасивна подлакотна ортоза од пластична маса

02 Опис на производот

Медицински индикации:

G35 мултипла склероза;

G56.0 синдром на карпален тунел;

G56.1 други лезии на н.медианус;

G56.3 лезија на радијален нерв;

G63.2 дијабетична полинеуропатија;

G63.8 полинеуропатија кај други болести класифицирани на друго место;

G80(G80.0-G80.9) инфатилна церебрална парализа;

G81(G81.0-G81.9) хемиплегија;

G82.3-G82.5 тетраплегија;

I69(I69.0-I69.8) секвели од цереброваскуларна болест;

M21.5 стекната канџеска шепа, крива шепа, канџесто стапало и криво стапало;

M21.3 висечка шепа или стапало (стекнато);

М21.9 стекнати деформации на екстремитети, неспецифицирано;

M65.4 радиусен стилоиден тендосиновит (de Quervain);

M65.9 синовит и тендосиновит, неозначено;

M70 мекоткивни заболувања поради употреба, прекумерна употреба и притисок;

M72.0 палмарна фасцијална фиброматоза Dupuytren;

P14.3 породилна повреда на брахиален плексус;

Q74.3 artrogripoza multiplex cong.;

T92.1 секвели од фрактура на рака;

T92.2 секвели од фрактура на ниво на рачен зглоб и шепа

T92.3 секвели од дислокација, шинување и истегнување на горен екстремитет;

T92.5 секвели од повреда на мускул и тетива на горен екстремитет;

T92.9 секвели од други неозначени повреди на горен екстремитет; кај ревматиден артрит, одземеност од било која генеза;

S52.0 фрактура на горен крај на улна;

S52.1 фрактура на горен крај на радиус;

S52.7 мултипли фрактури на подлактица;

S53.0 дислокација на главата на радиусот;

S53.1 дислокација на други и неозначени делови на лакот;

S53.2 трауматска руптура на радијален колатерален лигамент;

S53.3 трауматска руптура на улнарен колатерален лигамент;

Карактеристики:

-овозможува имобилизација на рачен зглоб;

-превентира ротации и несакани движењa;

-индивидуално или сериски изработена од  пластична  маса со мек внатрешен дел и дополнителни траки за индивидуално прилагодување и поголема стабилност;

Големини:

Страна Големина Обем на рачен зглоб/cm
Десна-Лева S 12-15
Десна-Лева M 16-19
Десна-Лева L 20-24

Потврдата за ова ортопедско помагало може да ја издаде : Ортопед, Физијатар или Хирург