2303 Потколен апарат со ограничување на плантарна или дорзална флексија и скочен зглоб со приклучок на чевли (индивидуално)

02 Опис на производот

Медицински индикации:

B91 секвели од полиомиелит;

G11.1 церебрална атаксија со ран почеток;

G12(G12.0-G12.9) спинална мускулна атрофија и сродни синдроми;

G57.2 лезија на феморалниот нерв;

G57.3 парализа на нервус перонеус;

G57.6 лезија на плантарен нерв;

G35 мултипла склероза;

G60(G60.0-G60.8) хередитарна и идиопатска невропатија;

G61(G61.0-G61.9) воспалителна полиневропатија;

G71(G71.0-G71.9) примарни заболувања на мускулите;

G80(G80.0-G80.9) инфатилна церебрална парализа;

G81(G81.0-G81.9) хемиплегија;

G82(G82.0-G82.5) параплегија и тетраплегија;

I69(I69.0-I69.8) секвели од цереброваскуларна болест;

M76.4 тибијален колатерален бурзит – Stieda Pelegrini;

M76.6 ахилов тендинитис;

S86.0 повреда на ахилова тетива;

S93.0 дислокација на зглобот на глуждот;

S93.6 шинување и истегнување на неозначени делови на стапало;

Т93.4 секвели од повреди на нерв на долен екстремитет;

Состојби на одземеност на стапало од различна природа

Карактеристики:

-се изработува индивидуално;

-изработен е од две алуминиумски шини, леплива трака за фиксирање и кочница во скочен зглоб во спој со ортопедски чевли;

-се регулира плантарната или дорзална флексија, прави поддршка и стабилност;

Потврдата за ова ортопедско помагало може да ја издаде : Ортопед или Физијатар