02 Опис на производот
Тоа е стопало кое се користи кај основно ниво на протетисување за корисници кои имаат низок степен на активност (MOBIS 1 или 2) направено од контурирано јадро пресвлечено со функционална ПУ пена. Изработено со природен анатомски облик и мазна површина. Се изведува со различни висини на петата и ширини на стопалото со или без прсти.
Приклучувањето со протезата е со адаптер (зглоб) кој може да е изработен од челик (на товар на ФЗОМ) , алуминиум или титаниум .