Статички вертикализатор SMART

01 Преглед на производ

02 Опис на производот

Статичкиот вертикализатор SMART ги комбинира предностите на мала тежина, лесно користење и робусен дизајн и стабилност. Поради својата едноставност, терапијата и работата со овие пациенти стануваат многу поудобни за негувателите и фамилијата. Достапен е во 8 големини за деца и возрасни. Овој вертикализатор му овозможува на пациентот чувство на сигурност и слобода на движење на горните екстремитети. Вертикализаторот има иновативен систем UPRIGHT PRO©, кој се состои од карлични и градни шини со многу широк спектар на прилагодувања што овозможува да се постави во соодветна положба. Има 4 ротирачки тркала и кочници кои овозможуваат преместување на пациентот.

 

Препорачан за следните медицински индикации:

-Церебрална парализа, различни типови и форми

-Повреди на мозокот и рбетниот столб со парализа и слабост на долните екстремитети, нарушување на рамнотежата и моториката со различна етиологија

-Демиелинизирачка болест (мултиплекс склероза)

-Менингоцела

-Мускулни заболувања со слабост и парализа (дистрофија, myasthenia gravis, myositis)

-Генетски заболувања

-Дегенеративни и невролошки заболувања

-Други состојби поврзани со мускулна слабост, парализа и мускулно-скелетни заболувања)

-После повреди на глава и рбетниот столб со парализа и пареза

Карактеристики:

-Обезбедува соодветна стабилност и сигурност на корисникот

-Едноставен начин на прилагодување и лесно склопување