02 Опис на производот
Со цел пациентот да ја прифати стоечката позиција создаден е статичкиот вертикализатор PARAPION кој овозможува целосна и безбедна исправена положба. Стабилна конструкција, ергономски потпирачи за колената, широк карличен појас, појас за граден кош се основни елементи кои овозможуваат безбедност и удобност за време на терапијата. Пациентот со овој вертикализатор е способен да го извршува процесот на рехабилитација како и едноставни домашни и професионални активности. Рамката е опремена со 4 тркала кои овозможуваат лесно преместување на пациентот.
Препорачан за следните медицински индикации:
-Церебрална парализа, различни типови и форми
-Повреди на мозокот и рбетниот столб со парализа и слабост на долните екстремитети, нарушување на рамнотежата и моториката со различна етиологија
-Демиелинизирачка болест (мултиплекс склероза)
-Менингоцела
-Мускулни заболувања со слабост и парализа (дистрофија, myasthenia gravis, myositis)
-Генетски заболувања
-Дегенеративни и невролошки заболувања
-Други состојби поврзани со мускулна слабост, парализа и мускулно-скелетни заболувања)
-После повреди на глава и рбетниот столб со парализа и пареза
Карактеристики:
-Обезбедува соодветна стабилност и сигурност на корисникот
-Едноставен начин на прилагодување и лесно склопување
-Го има во 3 големини