Статички вертикализатор PARAMOBIL

01 Преглед на производ

02 Опис на производот

PARAMOBIL е вертикализатор чија главна карактеристика е мултифункционалност. Во суштина тоа е единствениот верткализатор на пазарот кој комбинира 3 функции. Вертикализаторот дава можност пациентот да биде исправен во статична положба, да се движи во динамична положба и да ги изведува вежбите за нозе во процесот на рехабилитација.

Статичкиот начин на работа е совршен за во фазата на рана рехабилитација и во ситуации кога дисфункциите ја исклучуваат можноста од самостојно движење. Главната цел на овој режим начин на работа е да ги подобри физиолошките процеси и да го подобри снабдувањето на телото со кислород.

Динамичкиот начин на работа е многу корисен за враќање или стекнување на нови вештини поврзани со движењето. Сепараторот на долните екстремитети го спречува преминувањето на нозете при одење.

Рехабилитацискиот начин на работа делува многу добро како додаток на комплексна терапија.

Благодарение на ергономските и прилагодливи потпирачи за колено, вертикализаторот е совршен за во центрите за рехабилитација и невролошки одделенија каде што дури и пациентите кои што се во кома можат да бидат предмет во процесот на исправена положба.

Преку својата разновидност, богата опрема и широк спектар на прилагодувања, овој вертикализатор може да ги задоволи очекувањата на пациентите со различни потреби и дисфункции. Вертикализаторот може да се купи како комплетна единица со секоја функција или во верзија што одговара на потребите на корисникот.

 

Препорачан за следните медицински индикации:

-Церебрална парализа, различни типови и форми

– Повреди на мозокот и рбетниот столб со парализа и слабост на долните екстремитети, нарушување на рамнотежата и моториката со различна етиологија

-Демиелинизирачка болест (мултиплекс склероза)

-Менингоцела

-Мускулни заболувања со слабост и парализа (дистрофија, myasthenia gravis, myositis)

-Генетски заболувања

-Дегенеративни и невролошки заболувања

-Други состојби поврзани со мускулна слабост, парализа и мускулно-скелетни заболувања)

-После повреди на глава и рбетниот столб со парализа и пареза

Карактеристики:

-Обезбедува соодветна стабилност и сигурност на корисникот

-Едноставен начин на прилагодување и лесно склопување

-Има 3 функции за употреба (дава можност пациентот да биде исправен во статична положба, да се движи во динамична положба и да ги изведува вежбите за нозе во процесот на рехабилитација)

-Го има во повеќе големини