02 Опис на производот
Електричниот двигател со интегрирано седиште му овоможува на пациентот самостојно користење со помош на далечински двигател. Моќниот електричен погон може да подигне пациенти и до 120кг. тежина. Постои можност за додатна опрема со стабилизатор за горниот дел од телото што совршено го имобилизира градниот кош. Седиштето служи и како карлична потпора која го задржува пациентот во правилна положба и му дава сигурност во вертикализаторот.
Препорачан за следните медицински индикации:
-Церебрална парализа, различни типови и форми
– Повреди на мозокот и рбетниот столб со парализа и слабост на долните екстремитети, нарушување на рамнотежата и моториката со различна етиологија
-Демиелинизирачка болест (мултиплекс склероза)
-Менингоцела
-Мускулни заболувања со слабост и парализа (дистрофија, myasthenia gravis, myositis)
-Генетски заболувања
-Дегенеративни и невролошки заболувања
-Други состојби поврзани со мускулна слабост, парализа и мускулно-скелетни заболувања)
-После повреди на глава и рбетниот столб со парализа и пареза
Карактеристики:
-Обезбедува соодветна стабилност и сигурност на корисникот
-Пациентот може да се исправи сам и да оди самостојно
-Употреба на електричен погон која обезбедува тивко работење на вертикализаторот
-Едноставен начин на прилагодување и лесно склопување
-Систем за исправена положба која го користи механизмот на електричен двигател и далечински управувач кои помагаат во усвојувањето на исправена положба
-Ергономски обликувани и прилагодливи потпирачи за коленото обезбедуваат совршена стабилизација на долните екстремитети