Статичен вертикализатор CAT II Invento

01 Преглед на производ

02 Опис на производот

Вертикализаторот овозможува индивидуален пристап за потребите на детето и неговото семејство. Правилната конфигурација овозможува детето да застане во стоечка или лежечка положба во зависност од дисфункцијата на локомоторниот систем и на медицинските/терапевтските индикации. Соодветната положба е корисна за развојот на детето. Бесконечниот прилагодлив агол на навалување (0°- 90°) овозможува да се смени позицијата од лежење до стоење. Многу важно е тоа што стоечката рамка е опремена со сигурносна брава која спречува случајно менување на положбата. Вертикализаторот има скала која го покажува аголот на навалување. Благодарение на системот на појаси и потпирачи, децата се чувствуваат безбедно и сигурно, што им овозможува да јадат, учат и да се забавуваат во позиција која им е најсоодветна. Направен е од еколошки и безбедни материјали и рачно насликани.

 

Препорачан за следните медицински индикации:

-Церебрална парализа, различни типови и форми

– Повреди на мозокот и рбетниот столб со парализа и слабост на долните екстремитети, нарушување на рамнотежата и моториката со различна етиологија

-Демиелинизирачка болест (мултиплекс склероза)

-Менингоцела

-Мускулни заболувања со слабост и парализа (дистрофија, myasthenia gravis, myositis)

-Генетски заболувања

-Дегенеративни и невролошки заболувања

-Други состојби поврзани со мускулна слабост, парализа и мускулно-скелетни заболувања)

-После повреди на глава и рбетниот столб со парализа и пареза

Карактеристики:

-Обезбедува соодветна стабилност и сигурност на корисникот

-Употреба на електричен погон која обезбедува тивко работење на вертикализаторот

-Изработен е од еколошки, хипоалергени 3D материјали кои му овозможуваат на кожата да дише

-Едноставен начин на прилагодување и лесно склопување

-Потпирачи за нозете со 3D прилагодување, што овозможуваат непречено поставување на стапалата во сите насоки

-Овозможува стабилизација во стоечка и лежечка положба

-Прилагодлив агол на навалување од  0°-90°

-Повеќе големини и избор на бои