Статичен вертикализатор CAT I

01 Преглед на производ

02 Опис на производот

Статичкиот вертикализатор CAT I е создаден да му помогне на децата во усвојувањето на исправената положба. Исправената положба придонесува за стекнување нови искуства од блиската околина и го стимулира психо-физичкиот развој. Има прилагодлив агол на навалување од 25°-85°, а системот на ремени и потпирачи му дава на детето безбедност и сигурност.

 

Препорачан за следните медицински индикации:

-Церебрална парализа, различни типови и форми

– Повреди на мозокот и рбетниот столб со парализа и слабост на долните екстремитети, нарушување на рамнотежата и моториката со различна етиологија

-Демиелинизирачка болест (мултиплекс склероза)

-Менингоцела

-Мускулни заболувања со слабост и парализа (дистрофија, myasthenia gravis, myositis)

-Генетски заболувања

-Дегенеративни и невролошки заболувања

-Други состојби поврзани со мускулна слабост, парализа и мускулно-скелетни заболувања)

-После повреди на глава и рбетниот столб со парализа и пареза

 

Карактеристики:

-Обезбедува соодветна стабилност и сигурност на корисникот

-Употреба на електричен погон која обезбедува тивко работење на вертикализаторот

-Изработен е од еколошки, хипоалергени 3D материјали кои му овозможуваат на кожата да дише

-Едноставен начин на прилагодување и лесно склопување

-Потпирачи за нозете со 3D прилагодување, што овозможуваат непречено поставување на стапалата во сите насоки

-Прилагодлив агол на навалување од 25°-85°

-Повеќе големини и избор на бои