02 Опис на производот
Медицински индикации:
Z90.1 Стекнат недостиг на дојка;
Q83.0 Конгенитално отсуство на дојката со отсутна брадавица;
C50 Малигна неоплазма на дојка;
Карактеристики:
-даваат максимален комфор, естетски облик и тежина еднаква на физиолошката;
-изработени се од внимателно одбрани материјали, што со својата мекост, боја ,тежина и природен облик обезбедуваат психолошка сигурност на највисоко ниво;
-ги има во повеќе големини;
Потврдата за ова ортопедско помагало ја издава избраниот лекар по препорака на специјалист од соодветната специјалност. Специјалистичкиот извештај или отпусното писмо со препорака за помагалото е потребен само при првото остварување на правото.