Мултифункционален вертикализатор DALMATIAN INVENTO

01 Преглед на производ

02 Опис на производот

Вертикализаторот има широка употреба во процесот на рехабилитација. Се препорачува кај деца и млади луѓе. Се користи како рехабилитационен стол за време на усвојувањето на седечката положба, а потоа како вертикализатор во понатамошниот процес на рехабилитација. Покрај тоа, може да се користи и неговата лежечка функција во текот на цел процес на рехабилитација. Овој мултифинкционален производ го комплетира процесот на рехабилитација поради неговото прилагодување и опрема. Специјализираните додатоци и посебниот механизам овозможуваат детето да се постави во исправена положба под агол со опсег од 0 до 90 степени. Сигурносниот елек и карличниот појас се опремени со иновативен hold & pull© систем кој овозможува брза и прецизна стабилизација на детето.  Создаден е од еколошки материјали и рачно насликан.

Препорачан кај следните медицински индикации:

-Церебрална парализа – различни типови и форми

-Повреди на мозокот и рбетниот столб со парализа и слабост на долните екстремитети, нарушување на рамнотежата и моториката со различна етиологија

-Демиелинизирачка болест (мултиплекс склероза)

-Менингоцела

-Мускулни заболувања со слабост и парализа (дистрофија, myasthenia gravis, myositis)

-Генетски заболувања

-Дегенеративни и невролошки заболувања

-Други состојби поврзани со мускулна слабост, парализа и мускулно-скелетни заболувања)

-После повреди на глава и рбетниот столб со парализа и пареза

Карактеристики:

-Обезбедува стабилност и сигурност на пациентот

-Изработен е од еколошки материјали

-Има можност за да се смени аголот на навалување на седиштето

-Потпирачи за нозе со 3D прилагодување што овозможува непречено поставување на нозете во сите насоки

-Има можност пациентот да е во стоечка положба

-Има 3 корисни функции за употреба: столче, вертикализатор и лежечка функција