02 Опис на производот
CCL1 CCL2 CCL3
Медицински индикации:
CCL1 (18-21mmHg)
-при функционални нарушувања како чувство на замор, тежина и едеми на нозе;
-почетни варикозитети;
-превеннција на варикозитети во бременост;
CCL2 (22-32mmHg)
-тромбофлебит – тромбоза на површинскиот венски систем;
-варикозитети со едем;
-посттрауматски едем;
-постоперативно на варикозни вени;
-варикозитети во бременост со едеми;
CCL3 (34-36mmHg)
-секундарни варикозитети;
-пост-тромботски синдром;
-флемботромбоза-тромбоза на длабок венски систем;
-по лекување на акутна тромбоза и воспаление;
Контраиндикации:
-пореметување на артериска циркулација;
-декомпезирана инсуфициенција на миокард;
-септичен флебит ( воспаление на вени предизвикано од микроорганизми);
-акутни зачепувања на вени со сина деколоризација и значителни едеми на нозе;
Трудниците се особено склони кон развој и влошување на состојбата на варикозни вени и венска тромбоза, пред се поради зголемен притисок во пределот на стомакот и карлицата што ја отежнува венската циркулација, намалената подвижност, влијанието на промената на хормонскиот статус и самата бременост која претставува состојба во која постои зголемена склоност кон венска тромбоза. Хулахопките за трудници со градуирана компресија овозможуваат комфор и подобрување на циркулацијата.