Инвалидска количка за церебрална парализа Otto Bock – Kimba Neo 470G71

01 Преглед на производ

02 Опис на производот

Kimba Neo е инвалидска количка за церебрална парализа  која има максимална функционалност со многу можности за индивидуално прилагодување, а притоа  ги задоволува и високите критериуми на естетика. Детето во  количката Kimba Neo се чувствува сигурно и е добро позиционирано и притоа може активно да се посвети на доживување на околината и развивањето на моторичките вештини. Едноставна е за користење. Најдобрите решенија не мора да се секогаш најкомплицираните.

Седиштето може да се подеси индивидуално за секое дете. Кога со експерт ќе ја дефинирате положбата, со неколку едноставни потези подесете го седиштето вклучувајќи ги и ремените.

Седиштето има големи можности за прилагодување и истото ќе може да го користите подолго време, бидејќи количката ќе расте со детето.

Карактеристики:

Подесливост на седиштето

Подесување на висината на потпирачот за нозе

Подесување на висината на наслонот за грб

Подесување на ширина и длабочина на седиштето

Подесување на седиштето (во смер на движење или обратно)

Склопливост – транспортабилна

Технички карактеристики

Седиште              Големина     1           Големина    2

Ширина                 20 – 30 cm              26 – 35 cm

Длабочина            19 – 31 cm               24 – 40 cm

Висина (грб)         41 – 61 cm              56 – 70 cm

Наклон (грб)        80° – 180°               80° – 180°

Дол. Потколеница  19 – 31 cm           24 – 40 cm

Медицински индикации:

G80(G80.0-G80.9) инфантилна церебрална парализа