02 Опис на производот
Се користи во процесот на секојдневната рехабилитација која се одвива не само во болничките установи и одделенијата за рехабилитација, туку и во домашни услови. Вертикализаторот му овозможува на пациентот да може да застане и да се движи. Кај деца се овозможува да се направат првите чекори, а возрасните со помош на вертикализаторот ја одржуваат или ја враќаат својата кондиција. Лесен е и стабилен што му овозможува на пациентот лесно да се движи со него без напрегање, му дава сигурност и удобност при движењето. Може да се користи кај различни возрасни групи поради големиот број на големини. Вертикализаторот има значајна улога поради фактот што пациентот има можност да стекне ново искуство и да биде независен колку што е можно повеќе.
Препорачан за следните медицински индикации:
-Церебрална парализа, различни типови и форми
-Повреди на мозокот и рбетниот столб со парализа и слабост на долните екстремитети, нарушување на рамнотежата и моториката со различна етиологија
-Демиелинизирачка болест (мултиплекс склероза)
-Менингоцела
-Мускулни заболувања со слабост и парализа (дистрофија, myasthenia gravis, myositis)
-Генетски заболувања
-Дегенеративни и невролошки заболувања
-Други состојби поврзани со мускулна слабост, парализа и мускулно-скелетни заболувања)
-После повреди на глава и рбетниот столб со парализа и пареза
Карактеристики:
– Обезбедува соодветна стабилност и безбедност на пациентот
– Пациентот може да се исправи и да чекори самостојно
– Едноставен начин на прилагодување и лесно склопување
– Вертикализаторот има две функции за употреба. Динамична и статичка функција
– Го има во повеќе бои