02 Опис на производот
Вертикализаторот му овозможува на пациентот да може да застане и да се движи. Овие активности се можни благодарение на големите предни тркала и ротирачки задни тркала. Несомнено е дека има големо влијание врз самостојноста на пациентот и менталната состојба, му овозможува активности кои претходно не можел самостојно да ги обавува. Активната исправена положба ги стимулира сетилата и животот на пациентите го прави поудобен. Пациентите имаат шанса да застанат на нозе и да се движат. Овој вертикализатор вклучува рачна сопирачка и кошница за купување.
Препорачан кај следните медицински индикации:
-Церебрална парализа – различни типови и форми
-Повреди на мозокот и рбетниот столб со парализа и слабост на долните екстремитети, нарушување на рамнотежата и моториката со различна етиологија
-Демиелинизирачка болест (мултиплекс склероза)
-Менингоцела
-Мускулни заболувања со слабост и парализа (дистрофија, myasthenia gravis, myositis)
-Генетски заболувања
-Дегенеративни и невролошки заболувања
-Други состојби поврзани со мускулна слабост, парализа и мускулно-скелетни заболувања)
-После повреди на глава и рбетниот столб со парализа и пареза
Карактеристики:
-Вертикализаторот обезбедува соодветна стабилност и безбедност на пациентот
-Пациентот може да се исправи и да чекори самостојно
-Едноставен начин на прилагодување и лесно склопување
-Вертикализаторот има две функции за употреба. Динамична и статичка функција